Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)?
Вага
По природа се смирени луѓе што често се премислуваат, па затоа, за време на интимните мигови сакаат целата контрола да му ја препуштат на партнерот.
Иако делуваат независни и слободни, и никогаш нема да ви признаат, нивната најголема тајна е дека сакаат партнери што ќе им кажат што треба да прават и ќе им помогнат во неодлучноста.
Оттука, одбивни им се луѓето што се двоумат и што се неодлучни. Според Вагите, овие луѓе нема да можат да ги задоволат нивните потреби во сексот.
Скорпија
Важат за луѓе со најсилно либидо, што постојано мислат на секс. Мошне се страствени и сакаат да уживаат во емотивните мигови со партнерот и размената на нежности.
Но, Скорпиите знаат да направат разлика меѓу сексот и емоциите и секогаш знаат што точно им треба во моментот.
За сериозна врска бегаат од луѓето со кои не можат да остварат конекција, а кога се заинтересирани само за секс, тогаш бегаат од луѓето што на каков било начин се обидуваат да ги натераат да покажат емоции.
Стрелец
Овие луѓе се авантуристи кои не се срамат да имаат егзибиционистички секс и секогаш да пробаат нешто ново (и забрането).
Тие сметаат дека за нив не важи ниту едно правило и ако сте се имале секс со Стрелец кој ви дозволил утрото да го дочекате заедно, тоа значи дека му се допаѓате и ви верува.
Одбивни им се луѓето што веднаш сакаат да осудуваат сѐ што им е ново и непознато или не сакаат да експериментираат.
Јарец
Познати се како луѓе што сакаат да работат напорно, но и да се забавуваат како да не постои утре.
Во сексот се помалку настрани и сакаат да се забавуваат со партнерот, па постојано измислуваат нови игри што ќе им овозможат да ги задоволат сопствените потреби.
Тоа се луѓе што подеднакво би уживале во игра со улоги, но и во размена на нежности по сексот, а одбивни им се луѓето што не сакаат да играат по нивните правила.
Запомнете, тие делуваат дека ја имаат целата контрола, но во првиот миг кога ќе увидат дека сакате да ги напуштите, Јарците остануваат уплашени.
Водолија
Со оглед на тоа што секогаш сакаат да бидат уникатни ова се луѓе што сакаат да експериментираат со работи што за многумина се табу тема.
Уживаат да ги исполнуваат своите најдлабоки фантазии и соништа во спалната соба, но не очекувајте дека директно ќе ви кажат што е она што го бараат.
Одбивни им се луѓето што според нив имаат „ограничени“ погледи на светот и кои нема да можат да ги сфатат нивните потреби.
Риби
Рибите ќе направат сѐ за нивниот партнер да биде среќен, а со оглед на тоа што имаат бујна фантазија, тие се подготвени да се впуштат во голем број авантури за време на интимниот чин.
Ако сакате да бидете во врска со Риби, мора да ги прифатите такви какви што се и да им дозволите да сонуваат.
Најодбивни им се луѓето што постојано бараат од нив да се вратат во реалноста и да ги согледаат работите во вистинско светло.
Б. С. Б. | Црнобело