Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)?

Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озборувачи, затоа што потајно стравуваат дека со такви личности лесно можат да станат предмет на потсмев и да биде исмеана нивната изведба во креветот.

so-kakov-partner-sekoj-od-horoskopskite-znaci-nikogash-ne-bi-sakal-da-ima-seks-i-zoshto-01_copy.jpg

Сите знаеме дека првиот впечаток е мошне важен, а според астролозите постојат одредени карактеристики кај луѓето, заради кои секој од хороскопските знаци веднаш би одбил да има секс со нив.

Што е она што најмногу им пречи на хороскопските знаци кога бираат сексуални партнери и зошто?

Овен

Темпераментни и борбени, Овните сакаат луѓе што ќе ги натераат да се потрудат за нешто и да имаат шанса да покажат дека се умешни и талентирани во освојувањето.

Заради тоа луѓето што им се умилкуваат и премногу лесно паѓаат на нивниот шарм, на Овните веднаш им стануваат одбивни.

Запомнете Овните сакаат да се потрудат за да станат вашата омилена личност и да ве освојат и не би сакале да имаат секс со личност што е нападна и им се нафрла.

Бик

Важат за мошне мрзеливи луѓе во сексот, кои секогаш сакаат да се чувствуваат удобно.

Сакаат кога некој се грижи за нив и прави да се чувствуваат посебно.

Оттука, на прв поглед веднаш им стануваат одбивни луѓето што не водат доволно сметка за личната хигиена и за сопствениот изглед.

Со такви луѓе Биковите избегнуваат да комуницираат, а и да имаат интимни односи.

Близнаци

Познати се како мошне опуштени и авантуристички настроени во сексот и секогаш се подготвени за комуникација, па воопшто не им пречи да разговараат и во интимните мигови.

Не им се допаѓаат луѓе што се повлечени и некомуникативни, што не сакаат да зборуваат за тоа што прави да се чувствуваат добро или да споделуваат валкани зборови со нив.

За Близнаците, сексот со тивките луѓе е здодевен.

Рак

Раковите се мошне емотивни, па затоа најчесто кога некој им се допаѓа сакаат таа врска да трае. За нив сексот секогаш има подлабоко значење и познато е дека не се луѓе што сакаат авантури за една ноќ.

Но, она што им е најважно кога бираат партнер е да најдат личност што води сметка за сите аспекти од својот живот, затоа што само таква личност, според нив, би се грижела и за нивните емоции.

Оттука пред да одлучат да стапат во врска или да имаат секс со некого, мора да бидат сигурни дека тој води сметка за себе, за својот дом, но и за туѓите емоции.

Одбивни им се луѓето, што, според нив, се бесчувствителни.

Лав

Познато е дека тоа се луѓе што сакаат секогаш да бидат во фокусот на вниманието, но за себе сакаат да слушаат само пофални зборови, а не критики.

Кога станува збор за сексот, Лавовите сакаат партнери што ќе ги ценат нивните вештини и ќе ги фалат за тоа што го покажале.

Одбивни им се луѓето што изгледаат како озборувачи, затоа што потајно стравуваат дека со такви личности лесно можат да станат предмет на потсмев ако не успеат да се покажат во најдобро светло.

Девица

Познати се како доброорганизирани и педантни личности, на кои физичкиот изглед не им е премногу важен.

Лесно се приспособуваат на секоја нова ситуација и сакаат многу да експериментираат за време на сексот, но постои една работа што може да дејствува како „студен туш“ за овие луѓе што веднаш ќе ги натера да се повлечат од намерата да имаат секс со вас, а тоа е нередот.

Очекувајте дека Девицата ќе побара да ви ја види спалната соба, а ако забележи неред, тоа може да ја натера да си замине и никогаш повеќе да не се врати во вашиот живот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg