Една причина поради која секој хороскопски знак ќе ви го скрши срцето
На Близнаците лесно им здосадува сè, па ако деновите со вас им се исти и монотони, тие ќе си заминат и ќе ви го скршат срцето. Најдобриот начин да ги задржите покрај себе е да им го правите секојдневието забавно и поразлично.
Секој човек има различна причина поради која се „лади“ и решава да го остави партнерот.
Но, астролозите велат дека на ова влијае и хороскопот, па често токму ѕвездите и карактеристиките што ги има секој знак во Зодијакот се причина некој да ја раскине врската.
Поради која причина секој хороскопски знак може да ви го скрши срцето:
Овен – Ќе ви го скрши срцето ако се обидете да го контролирате.
Овенот сака да е сам одговорен за својата судбина.
Ако сте во врска со Овен, треба да знаете дека секогаш ќе го направи спротивното од она што ќе му го кажете.
Ако се обидете да го контролирате Овенот – никогаш нема да ве послуша.
Бик - ќе ви го скрши срцето ако ја изневерите неговата доверба.
Кога е во прашање љубовта, Бикот најмногу ги цени лојалноста и искреноста.
Па ако го изневерите, никогаш веќе нема да ви верува и ќе ве остави.
Близнаци - Ќе ви го скрши срцето ако не правите да му е забавно.
На Близнаците лесно им здосадува сè.
Па, ако деновите со вас им се исти и монотони, тие ќе си заминат.
Најдобриот начин да ги задржите покрај себе е да им го правите секојдневието забавно и поразлично.
Рак - Ќе ви го скрши срцето ако не е среќен
Раковите ќе останат во врска дури и кога не им е убаво, зашто не сакаат да го повредат партнерот.
Но, ако по долго време сфатат дека вие нема да ги оставите нив и да го направите првиот чекор, ќе ја направат најнезамисливата работа за нив – тие ќе ве напуштат вас, бидејќи веќе не се среќни.
Лав - Ќе ви го скрши срцето ако се чувствуваат невидливо.
Лавовите сакаат да знаат дека се сакани и обожавани.
Ако не почувствуваат страст од ваша страна, ќе се повлечат.
Тие преферираат да се сами, отколку со некој што нема да им симнува ѕвезди.
Девица - Ќе ви го скрши срцето ако се сомневате во неа.
Девиците поминуваат многу време во детално планирање и анализирање на своите избори.
Тие не прават ништо на брзина. Па, ако и после ова се сомневате во нив и нивните способности, ќе бидат навредени и ќе ве остават.