Љубовен хороскоп за јули 2023: Бикoви – ќе се впуштите во страстна авантура, Скорпии – не правете љубоморни сцени

Лав - Ако сте слободни, во јули ќе сакате да шетате, да се забавувате и да не се врзувате за никого, но и покрај тоа, можна е кратка авантура со некој помлад од вас.

ljuboven-horoskop-za-juli-2023-bik-kje-se-vpushtite-vo-nekolku-vrski-odednash-skorpija-ne-pravete-ljubomorni-sceni-01.jpg

Кој ќе биде расположен за љубовна авантура, а кој се надева дека ќе добие свршенички прстен до крајот на месецот? Што велат ѕвездите – каков ќе биде месец јули за хороскопските знаци на љубовен план?

Љубовен хороскоп за јули 2023:

Овен

Ако сте во врска

Отворено ќе покажете дека сте љубоморни. Нема да ви се допадне ако забележите дека партнерот комуницира со некоја личност за кој мислите дека му се додворува и пробува да ви се вмеша во врската. Иако мислите дека реагирате со право, расчистете ги работите зад затворени врати, а не во јавност.

Ако сте слободни

Подготвени сте за нова љубов, без оглед дали тоа ќе биде само авантура или нешто сериозно. Сепак, ако почне да ви се додворува некој што е многу повозрасен од вас или некој што ви е надреден на работа - одбијте го. Не ви требаат комплицирани односи, туку мирна и стабилна љубов.

Бик

Ако сте во врска

И покрај тоа што имате партнер, некој помлад во вашето опкружување нема да крие дека му се допаѓате. Неговото однесување може да биде толку нападно, што дури и ќе размислувате да ги прекинете сите контакти. Ова може да ви ја уништи врската во која што сте, па одлуката да се дистанцирате е најверојатно најдобра.

Ако сте слободни

Јули ви нуди можност за многу интересни љубовни средби, па дури и за паралелна врска. Нема да можете да одберете еден конкретен партнер, бидејќи сите ќе ви бидат забавни. Сепак, до крајот на месецот ќе сфатите дека не можете да се растргнете на сите страни, па на крајот е можно да прекинете да се гледате со сите.

Близнаци

Ако сте во врска

Ова е месец во кој ќе почнете да размислувате за брак или ќе почнете да разговарате со партнерот за заеднички живот, особено ако сте подолго време заедно. Ако во одлуките почнат да ви се мешаат семејствата, веднаш „пресечете ги“ и кажете им дека за сè ќе се договорите вие како пар, без нив.

Ако сте слободни

Можно е да запознаете некој што живее во странство, а кој е дојден во државава, и да доживеете страсна авантура. Од вас, потоа ќе зависи дали ќе ја продолжите комуникацијата или сè ќе заврши за само неколку дена. Ако сепак продолжите да комуницирате, бидете подготвени на сите предизвици што ги носи врската на далечина.

Рак

Ако сте во врска

Во текот на јули се можни проблеми со партнерот и тензии кои ќе траат цел месец. Ова може да ја разниша вашата врска, но пред да се решите за екстремни чекори, обидете се да ги решите несогласувањата. Разговарајте отворено за сите проблеми. Но, што и да ви се случува во врската, не им раскажувајте на пријателите за тоа.

Ако сте слободни

Расположени сте за флерт, особено со некој од вашето деловно окружување. Доколку и таа личност не е во врска, направете го првиот чекор. Ако е во врска, откажете се од намерата со време. Некои Ракови, пак, ќе решат да бидат сами уште некое време и покрај тоа што постои некој што е заинтересиран за нив.

Лав

Ако сте во врска

Ова ќе биде месец со многу предизвици за вас, бидејќи ќе сакате да смените некои работи од темел. Некои Лавови можеби ќе прекинат долгогодишна врска или ќе поднесат барање за развод. Размислете со студена глава пред да направите нешто драстично за да не се каете по некое време.

Ако сте слободни

Во јули ќе сакате да шетате, да се забавувате и да не се врзувате за никого. И покрај тоа, можна е кратка авантура со некој помлад од вас. Ако однапред знаете дека е само забава, внимавајте да не се заљубите и да си го искомплицирате животот.

Девица

Ако сте во врска

Во текот на месецот ве очекуваат неколку поголеми караници со партнерот. Не одете со главата низ ѕид за да истерате некои работи по свое. Вашата тврдоглавост може само да ги искомплицира работите. Прифатете компромис за доброто на двајцата.

Ако сте слободни

Ќе ве привлече некој многу помлад од вас. Иако на прв поглед ова ќе ви делува комплицирано, сепак ќе решите да му дадете шанса и да се забавувате додека тоа ви одговара и на двајцата. Ова е одличен период за љубов, особено во последната седмица од јули.

Уште 6 знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg