Елен, славеј: Што сте според келтскиот хороскоп и какви се вашите карактеристики?
Коњ (8 јули - 4 август) - Тие се необични, тврдоглави и одмаздољубиви, ни и покрај тоа луѓето родени во овој знак се подготвени да дадат сè што имаат за пријателите. Дали знаете дека келтскиот хороскоп важи за еден од најточните во светот?
Келтскиот хороскоп според многумина е најточниот хороскоп во светот. Поделен е на 13 знаци и датумите не се исти како на хороскопот што го читаме секојдневно.
Секој знак е именуван според животно, птица или инсект.
Знаете ли што сте според келтскиот хороскоп и какви се вашите карактеристики?
Пронајдете го вашиот знак врз основа на датумот на раѓање и дознајте кои се главните црти на вашата личност:
Елен (24 декември - 20 јануари)
Трпеливи, доследни, сериозни. Несомнено, тоа се луѓе со благородна природа на кои може да им се верува.
Сепак, тие можат да ги преминат сите граници за да го постигнат она што го сакаат.
Нивната најголема мана е тоа што се обидувaат да стигнат до целта без оглед на средствата што ќе ги користат.
Мачка (21 јануари - 17 февруари)
Паметни, шармантни и привлечни личности. Знаат да им угодат на другите луѓе, но и да бидат во центарот на вниманието.
Во љубовните врски знаат да бидат малку манипулативни и склони кон игри.
Однадвор делуваат грациозно и кул, но однатре често се многу несигурни.
Змија (18 февруари - 17 март)
Овие луѓе се исклучително љубопитни, често ги преминуваат границите и преземаат ризици во животот.
Тие се родени како победници и силно се борат за своите амбиции.
Овие луѓе се речиси секогаш успешни. Сепак, наоѓаат рамнотежа помеѓу семејните и деловните аспекти на својот живот.
Лисица (18 март - 14 април)
Зајадливи, храбри и многу убедливи.
Тие се способни да влезат во авантура без воопшто да се грижат за последиците.
Подготвени се секоја ситуација да ја свртат во своја полза. Тие се исклучително способни личности.
Бик (15 април - 12 мај)
Ова се пријатни луѓе кои ќе внесат радост во вашиот живот.
На нивната тактичност се восхитуваат многу луѓе. Сепак, тешко ги контролираат своите зборови во ситуации кога се повредени.
Комуникацијата може да биде нивна предност, но и нивен најголем недостаток. Како пријатели се одлични, како непријатели се сурови.
Морски коњ (13 мај - 9 јуни)
Ова се флексибилни личности способни да се прилагодат на секоја средина.
Ако се зафатат со некоја работа, сигурно ќе ја доведат до успешен крај.
Овие луѓе се подложни на ласкање – сакаат да делат комплименти за да стигнат до целта.
Во љубовните врски знаат да бидат исклучително тактични, па дури и склони кон игри.