Зошто сте незадоволни од вашата врска, според хороскопскиот знак?
Скорпии, вие сте „заглавени“ во минатото и тешко ви е да му простите на партнерот за неговите грешки. Токму оттука потекнува вашето незадоволство во врската.
Некогаш, дури и кога сте сигурни дека сте со вистинскиот партнер, можно е да чувствувате незадоволство во врската.
Во овие мигови важно е да утврдите од каде потекнува незадоволството за да можете да го решите проблемот.
Зошто сте незадоволни од врската, според хороскопскиот знак?
Овен
Вие сте незадоволни бидејќи врската со партнерот не е како на почетокот.
Но, не заборавајте дека ова е сосема нормално. Сега единствено треба да сфатите дали оваа промена е добра.
Размислете дали заедно созревате со партнерот, или промените ве оддалечуваат и можеби ќе ви биде подобро ако се разделите.
Бик
Вашето незадоволство потекнува од вашата затвореност.
Односно, вие не му кажувате на партнерот што мислите, не разговарате со него и само се надевате дека проблемите ќе исчезнат.
Но, ова никогаш нема да се случи – партнерот не може да ви ги чита мислите.
Сè додека не разговарате, ќе бидете незадоволни.
Близнаци
Најголемата причина за вашето незадоволство е тоа што не добивате доволно простор и време за себе.
Партнерот постојано сака да биде со вас, а поради ова се чувствувате задушено.
Не заборавајте дека без разлика колку долго сте заедно, и вие и партнерот мора да имате време само за себе.
Па, не се чувствувајте лошо ако го побарате тоа.
Рак
Вие сте незадоволни бидејќи си создавате огромен притисок да бидете совршен партнер.
Пробувате да направите сè одеднаш, а кога нема да успеете, се чувствувате навистина лошо.
Партнерот не очекува од вас да бидете совршени, па немојте залудно да си ја трошите енергијата за тоа.
Лав
Вие чувствувате незадоволство бидејќи сте романтична душа, но партнерот не е.
Потребни ви се гестови со кои партнерот ќе направи да се чувствувате посебно, но нив ги има многу малку.
Подобро разговарајте со партнерот за ова и направете компромис, наместо постојано да чувствувате разочарување.
Девица
Вие сте партнерот кој прави сè – се грижите за домот и децата, организирате патувања и излегувања, помните родендени, годишнини и што уште не.
Не добивате никаква помош од партнерот, а ова е причина за вашето незадоволство.
Разговарајте со партнерот пред проблемот да стане посериозен.