Љубовен хороскоп за мај 2023: Скорпии – бившата љубов ќе ве моли за втора шанса, Риби – врска со колега
Водолија - Ова може да биде мошне романтичен и страстен период, доколку успеете да се справите со сопствената неодлучност. Можно е да посакате да ѝ дадете шанса на некоја личност од минатото која била мошне добра кон вас.
Кому мај му носи љубовни искушенија и предизвици во врската, а кој може да очекува кај него да се родат силни емоции за некоја личност со која долго време биле пријатели?
Каков ќе биде мај за хороскопските знаци на љубовен план?
Прочитајте си го љубовниот хороскоп за мај 2023:
Овен
Ако сте во врска
Некој кој што не успеал да ве освои во минатото, ќе се обиде да ја промени тактиката и да ви се наметне. Ќе се чувствувате само како нeм набљудувач на целата ситуација и како да не можете да направите ништо за да ги промените работите, освен да ги одбивате неговите напори.
Од друга страна, Овните што се во врска, во мај ќе бидат целосно сконцентрирани на тоа да ги подобрат односите со партнерот и да ја зацврстат врската, па можно е некои од нив да се одлучат на некој посериозен чекор, како започнување заеднички живот или проширување на семејството.
Ако сте слободни
Периодов ќе одлучите да ги преземете работите во свои раце и ќе имате огромен успех кај претставниците на спротивниот пол.
Многу ќе се зборува за вашата способност за освојување, а можно е и да влезете набрзина во врска со некоја личност што ќе ве освои со комплименти и убави зборови.
На почетокот на месецот ќе бидете мошне наивни и можно е да поверувате во сѐ што ќе ви кажат другите. Но, до крајот на месецот точно ќе знаете дали станува збор за врска што има потенцијал да прерасне во нешто сериозно, или, пак, за минлива авантура.
Бик
Ако сте во врска
Ако сте во сериозна врска или во брак, можно е да имате сериозни напади на љубомора, особено ако вашиот партнер е посветен на работното место и нема премногу време за вас.
Биковите што често се склони на тајни афери и авантури, можно е да започнат некоја врска со личност што ќе ја запознаат на работното место и која ќе важи за мошне популарна во општествените кругови.
Ќе имате можност да го покажете сопствениот шарм, но ќе бидете посуптилни во заведувањето од вообичаено.
Ако сте слободни
Почетокот на месецот може да биде мошне возбудлив и поволно ќе влијае врз вашиот знак доколку подолго време имате симпатии за некој колега или личност што редовно ја гледате на работното место.
Бидете внимателни со личностите што ви се додворуваат, особено ако не сте сигурни во нивните вистински намери. Можно е да избрзате и да донесете некоја погрешна одлука.
Некои Бикови ќе бидат мошне срамежливи во моментот кога ќе се соочат со агресивното додворување на некоја Скорпија или Јарец, со кого никогаш не можат со сигурност да знаат на што се.
Близнаци
Ако сте во врска
Ако овој месец имате некакви проблеми во љубовта, причината за тоа најверојатно се крие во вашата неконтролирана потреба да бидете секогаш во центарот на вниманието.
Знаете како да направите сите погледи во околината да бидат свртени кон вас, а ако сте во сериозна врска, можно е на партнерот да му пречи оваа ваша карактеристика.
Дури и во оние случаи кога партнерот ви вели дека се навикнал на вашата потреба постојано да бидете во фокусот на вниманието, можно е да ви се налути затоа што се чувствува занемарено.
Ако сте слободни
Очекувајте богат социјален живот исполнет со голем број покани за излегувања, посети на настани и концерти.
Овој месец, помеѓу големиот број излегувања и обврски на работното место, ќе ви се чини дека воопшто немате време за љубовниот живот. Свесни сте дека некогаш нешто морате да жртвувате за да ги остварите сопствените цели, но заради големата желба за авантура можно е да започнете неколку краткотрајни афери со различни личности.
Во миговите кога сте сами, најчесто ќе фантазирате за некоја личност што долго време ви се допаѓа, а која воопшто и не знае колку многу ви значи.
Рак
Ако сте во врска
Ако сте во врска со некој што е страствен, интересен и добар соговорник, овој месец ќе имате незаборавни мигови. Можно е да донесете одлука за проширување на семејството или да ја крунисате врската со брак.
Но, особено треба да внимавате на љубомората. Ниту вие, ниту партнерот нема добро да се снајдете во некоја ситуација во која ќе биде неопходно да покажете разбирање еден за друг.
Ќе се сомневате дека партнерот крие нешто од вас или пак ќе ви пречи тоа што неговото семејство ви се меша во врската.
Мај ќе ви донесе важна лекција во која ќе сфатите дека еротската привлечност и доброто расположение не се доволни за да се одржи една врска.
Ако сте слободни
Ако некогаш сте посакувале романса од соништата, многу е веројатно да ја доживеете овој месец. Можно е да запознаете некоја личност родена во знакот Лав или Скорпија, а некој Јарец и натаму внимателно чека да го забележите.
Кон крајот на месецот можни се расправии или конфликти со личноста што ви се допаѓа заради некои гласини што ќе бидат проширени од некои луѓе што не ви мислат добро и што сакаат да ви се мешаат во животот.
Не дозволувајте туѓите коментари да ви ја нарушат врската што има шанси да прерасне во нешто сериозно.
Лав
Ако сте во врска
Овој месец нема да имате доволно слух за потребите на партнерот. Сепак, обидете се проблемите да ги решите по дипломатски пат.
Лавовите што се родени во третата декада ќе имаат желба да постигнат поголема хармонија во врската и да ги подобрат односите, особено ако нивниот партнер е добро ситуиран.
Можна е некоја семејна сцена заради тоа што повозрасните членови од семејството се обидуваат да ви дадат добронамерен совет и не се ниту свесни дека се мешаат во врската. Обидете се да не им замерувате и да не држите во себе лутина.
Ако сте слободни
Овој период нема да биде поволен за оние што сакаат да влезат во сериозна врска со личноста што им се допаѓа или да го подобрат односот со партнерот. Мажите родени во знакот Лав ќе имаат поголем успех во остварување на замислените цели од жените лавици.
Ве привлекуваат личности родени во знаците Овен, Стрелец и Водолија, но ќе ви се чини дека тие немаат доволно време за врска и не можат да ви го посветат вниманието што вам ви е потребно.
Девица
Ако сте во врска
Периодов нема да се однесувате како класичен претставник на вашиот знак, а зголемената флексибилност и отвореност за промени, позитивно ќе влијаат врз вашата врска затоа што партнерот ќе смета дека станувате послични со него и дека имате повеќе заеднички работи.
Најдобро ќе се чувствуваат оние Девици што имаат илузија дека се слободни и дека имаат можност да управуваат со сопствениот живот, но и со партнерот.
Искористете го овој месец за да испланирате повеќе заеднички излегувања или да заминете на некое патување каде ќе можете целосно да се опуштите и да бидете свои.
Ако сте слободни
Честопати во животот ви се случувало да направите грешки и да не ставите крај на некои врски, затоа што другата страна не ви била достапна.
Овој месец можно е да ви се врати некоја личност од минатото и да ви ги разниша плановите.
Ќе ви се чини дека постојано нешто ви се случува на љубовен план, што истовремено ќе ве иритира затоа што немате контрола врз ситуацијата.
Можно е да се родат силни емоции кон некоја личност што долго време сте ја третирале само како пријател и конечно со неа да започнете сериозна љубовна врска.