5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски

Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате врските. Партнерот брзо ви здосадува и ставате крај на врската уште пред да си дозволите да видите дали има потенцијал.

5-horoskopski-znaci-koi-sami-si-gi-sabotiraat-ljubovnite-vrski-01.jpg

За стабилна и среќна врска, потребно е и двајцата партнери да бидат вклучени.

Некогаш, и покрај ова, партнерите сфаќаат дека не се компатибилни и врските не успеваат, а тоа е сосема во ред.

Но, во некои случаи, луѓето сами си ги саботираат врските, несвесно се оддалечуваат од партнерот и си ја уништуваат шансата за среќа.

Кои хороскопски знаци сами си ги саботираат врските?

Близнаци

Вие сте забавна и импулсивна личност. Љубопитни сте и сакате да се дружите. Поради ова, брзо се вљубувате, но уште побрзо губите интерес.

Поради вашата импулсивност, не размислувате премногу пред да си ја уништите врската.

Истовремено, партнерот брзо ви здосадува и постојано сакате нешто ново. Вие ставате крај на врската уште пред да сфатите дали тој партнер бил добар за вас.

Ова, пак, не ви е од никаква корист доколку трагате по сродната душа.

Девица

Вие настојувате да ги гледате љубовта и врските со доза цинизам.

Од секој партнер очекувате да бидете разочарани и, на крај, како да си го предвидувате тоа.

Вие не верувате дека една врска може да биде стабилна, па брзо кревате раце, наместо да се потрудите и да ја претворите во нешто прекрасно.

Истовремено, вие секогаш ја барате љубовта на погрешни места, кај луѓе кои е јасно дека не ве ни почитуваат. Ова дополнително го поттикнува вашиот цинизам.

Пробајте да си ја вратите вербата во љубовта и немојте да ја осудувате врската на пропаст уште во првите месеци.

5-horoskopski-znaci-koi-sami-si-gi-sabotiraat-ljubovnite-vrski-02.jpg

Вага

Вам ви е страв да бидете сами, а овој страв е причина за навистина лоши одлуки.

Истиот страв ве тера постојано да се грижите и да ги смислувате најцрните сценарија.

Кога почнувате нова врска, не ви е тешко да се вљубите. Но, не поминува многу време пред да почнете да се сомневате во партнерот.

А, овие сомнежи речиси секогаш се неоправдани и само ве оддалечуваат од партнерот.

Пробајте да поработите на несигурностите.

Скорпија

Вам ви е тешко да им верувате на другите и секогаш се сомневате во нивните намери.

Токму поради ова, во очите на другите изгледате како студена и незаинтересирана личност.

Вие знаете да сакате, но секогаш ви е страв дека ќе се вљубите премногу и дека на крај ќе бидете повредени.

Па, пробувате да се штитите, а со ова само ги оттргнувате луѓето од вас.

Ако, пак, почнете да му верувате на партнерот, a тој направи и најмала грешка, речиси невозможно е да му простите.

Мора да поработите на довербата кон другите и да му дадете шанса на партнерот да ви докаже дека не сака да ве повреди.

Водолија

Вие ја цените вашата слобода и сакате да живеете според свои правила.

Иако донекаде ова е добро, може да биде причина за конфликти во врските.

Вам ви е тешко да направите компромис и со ова ја саботирате врската.

Ако партнерот побара да промените нешто, вие сте убедени дека очекува премногу од вас, па не ни пробувате да разговарате за тоа.

Мора да сфатите дека за некои работи ќе треба да правите компромис. Некогаш ќе треба и да ја жртвувате вашата удобност за доброто на врската.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Стравот поради кој не сте среќни и успешни, според хороскопскиот знак (и како да го надминете) Риби, сакате да мечтаете и да се „губите“ во вашите мисли, најмногу бидејќи ви е...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg