Љубовен хороскоп за април 2023: Бикови – авантура со зафатена личност, Риби – љубоморни испади од ваша страна

ljuboven-horoskop-za-april-2023-bikovi-avantura-so-zafatena-lichnost-ribi-ljubomorni-ispadi-od-vasha-strana-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Ве очекува безгрижен месец, најмногу бидејќи вие ќе ја диктирате динамиката во врската. Сепак, кон крајот на месецот ќе треба да бидете пофлексибилни, но и да внимавате на вашето огромно его. Ако обрнете внимание на овие ситници, лесно ќе ги избегнете сите конфликти со саканата личност.

Ако сте слободни:

Цел месец ќе ве следи среќа, па ќе можете да ја освоите која личност и да посакате. Сосема возможно е да ѝ се вратите на некоја љубов од минатото – ќе бидете сигурни дека сега, кога сте позрели, нема да ги повторите грешките од минатото. И, овојпат навистина врската има потенцијал да успее.

Скорпија

Ако сте во врска:

Овој април по секоја цена избегнувајте ги конфликтите со партнерот. Не почнувајте жестоки дискусии и поработете на вашата посесивност. До крајот на месецот ќе го подобрите односот, а можно е да почнете да размислувате и за проширување на семејството.

Ако сте слободни:

Ќе бидете во искушение да почнете афера со личност која е во врска или брак. Ќе бидете неодлучни, но сепак ќе излезете на неколку состаноци. До крајот на месецот ќе се појават бројни конфликти и нема да можете да ги надминете разликите помеѓу вас, па најверојатно ќе се разделите.

Стрелец

Ако сте во врска:

Овој месец ќе мора да се соочите со грешките од минатото. Ако сте го повредиле партнерот, сега ќе мора да му покажете дека навистина ви е криво. Признајте ја вашата вина и партнерот без двоумење ќе ви прости. Ова, пак, ќе ви помогне да го оставите минатото зад вас и да се фокусирате на заедничката иднина.

Ако сте слободни:

Потрудете се месецов да излегувате повеќе ако сакате да си го промените љубовниот статус. Ве очекуваат многубројни познанства со личности кои ќе ви се допаднат, но и личности кои ќе пробаат да ве освојат. Бидете поотворени, прифатете ги новите можности и ќе бидете многу посреќни.

Јарец

Ако сте во врска:

Месецов стабилноста во врската ќе зависи од вас и вие ќе треба да ги донесувате најважните одлуки, особено ако имате и деца. Крајот на месецот може да ви донесе напнатост во односот со партнерот. Покажете иницијатива за решавање на проблемите и ќе ги избегнете конфликтите.

Ако сте слободни:

Ако сте во потрага по партнер за сериозна врска, месецов ќе немате многу избор. Ќе сретнете многу луѓе кои ќе ви се додворуваат, но сепак нема да ги исполнуваат вашите стандарди. Кон крајот од месецот можно е да почнете да размислувате за поранешен партнер со кого сте ја прекинале врската во афект. Најверојатно ќе одлучите да стапите во контакт со него.

Водолија

Ако сте во врска:

Ве очекува мирен месец и не би требало да се соочите со проблеми на поле љубов. Ако сте во брак или подолга врска, ќе сакате да се фокусирате на заедничкиот дом со партнерот. Сосема возможно е да почнете да размислувате за селење во друга држава, или барем да отпатувате некаде.

Ако сте слободни:

Месецов ќе бидете доста активни на поле љубов. Постојано ќе излегувате и нема да пропуштите ниедна можност за забава. Ова, пак, значи дека ве очекуваат многу познанства со потенцијални партнери. Вашиот шарм нема да биде незабележан – ќе имате многу додворувачи, а вие само ќе треба да изберете.

Риби

Ако сте во врска:

Можете да очекувате мали недоразбирања со партнерот. Најверојатно ќе се појави и љубомора од ваша страна, особено ако партнерот минува многу време со колегите. Можно е да почнете и да се сомневате во верноста на партнерот. Пробајте да бидете порационални и разговарајте со него за да ги избегнете сериозните конфликти овој месец.

Ако сте слободни:

Можете да очекувате познанство со личност која е во врска, но сепак ќе предизвика интензивни емоции кај вас. А, овие емоции ќе бидат обострани. Во втората половина од месецот, оваа личност веројатно ќе стави крај на врската и ќе имате можност да се запознаете подобро, па можеби дури и да почнете врска.



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg