Настапот на Христијана Лоизу - победник на X-Фактор Бугарија (видео)
По неколку месечна потрага, напорни аудиции и огромен број на пријавени, нашиот источен сосед го избра својот X-Фактор, а девојката која ги собра симпатиите на гласачите во Бугарија беше беспрекорна од своето прво појавување, па се до финалето.
Младата Христијана Лоизу по потекло од Кипар ја започнала својата авантура во Бугарија за да студира музичка академија, а таму пронашла и нешто многу повеќе од студии, пронашла љубов. Всушност нејзиното момче ја пријавило за аудициите во ова шоу.
Христијана за прв пат се појави на сцената на Х-Фактор некаде во септември кога со својот вонсериски глас ги освои симпатиите на жирито и гледачите пред малите екрани со песната „Je T’aime“.
Неколку месеци подоцна подеднакво блесна во финалето со истата композиција, како и во дуетот со Атанас Пенев – Наско, легендата на бугарската рок музика, со песната „Time to say goodbyе“.
Како и секогаш Христијана ја покажа својата раскошност, чистиот глас, силната емоција, сигурноста, силата во високите тонови и ги остави без здив сите присутни. Докажа дека сцената е нејзиниот дом и ги освои срцата на сите, оставајќи го Кристијан Костов, малото момче, миленик на тинејџерките, на втората позиција.
Она што останува е да продолжи да ја чувствува сцената како место на кое треба да да се развива како артист и да започне да работи за светот да го знае нејзиното име и секако да ја оправда титулата Х-Фактор.
Првата аудиција и настапите од финалето погледнете ги тука:
Н. Буџак | Црнобело