Пикантни детали за Х-фактор: Боби ја запознал девојката преку Твитер, Антонио првите 3 години бил во болница, а Ива пее и со затворена уста

Се ближи највозбудливата фаза на Х-фактор Адриа кога следуваат полуфиналето и финалето на кое ќе настапат избраните 8 финалисти, меѓу кои и нашиот Боби Мојсовски.

pikantni-detali-za-x-faktor-bobi-ja-zapoznal-devojkata-preku-tviter-antoniot-prvite-3-godini-bil-vo-bolnica-a-iva-pee-i-so-zatvorena-usta-01

Освен тоа што знаеме дека одлично пеат, имаат и тие некои свои интересни детали кои ги прават посебни.

Ова се некои ситници кои можеби не сте ги знаеле за финалистите на Х-фактор:

1. Боби Мојсовски

- Студира англиски јазик и книжевност

- Во Америка учел оперско пеење

- Девојката со која е во врска ја запознал преку Твитер.


2. Ива Чуриќ

- Има специјална способност да пее дури и со затворена уста.

- Таа е најемотивна од сите и често плаче.

- Покрај пеењето се занимава и со глума, а би сакала да се запише на Драмската академија.


3. Highway Trio

- Лука и Петар се познаваат веќе 20 години.

- Марко има 3 медали од државни натпревари за свирење гитара.

- Песната „Луд“ ја напишале за само 15 минути.

- Дневно поминуваат и по 6 часа за вежбање на песните


4. Антонио Криштовиќ

- Првите 3 години од животот ги поминал во болница поради болест на цревата.

- Додека да се појави на Х-фактор, често од друштвото бил отфрлен или озборуван како чуден бидејќи не спортува, туку пее.

- Додека е во Х-фактор најмногу му недостига другарката Сара.

pikantni-detali-za-x-faktor-bobi-ja-zapoznal-devojkata-preku-tviter-antoniot-prvite-3-godini-bil-vo-bolnica-a-iva-pee-i-so-zatvorena-usta-2.jpg

5. Магдалена Богиќ

- Родена е во Германија каде живеела во првите 2 години.

- Игра одбојка веќе 6 години, а играла и за репрезентација.

- Во слободно време гледа љубовни филмови и плаче.


6. Аднан и Тарик

- Аднан вежбал битбокс 3 години по пет часа дневно.

- одел и на играорна  8 години.

- Тарик ја запознал својата девојка на аудициите на Х-фактор.

- Свири на 3 инструменти: виолина, клавир и гитара

- ја играл главната улога во мјузиклот „Брилијантин“ во Народниот театар во Сараево.


7. Амел Чуриќ

- Три пати бил државен првак во Босна како радио аматер.

- Глумел во една епизода на „Топ листа надреалиста“

- Прв инструмент на кој научил да свири била хармониката, а гитара научил да свири во скривницата за време на војната.


8. 9 Control

- Душан Шаренац студира српска книжевност и во основно училиште учествувал на државен натпревар за рецитатори.

- Бранимир разговарал со Цеси Џеј на Скајп.

- Фарис многу добро пишува поезија

- Лаза перфектно зборува француски и англиски.

pikantni-detali-za-x-faktor-bobi-ja-zapoznal-devojkata-preku-tviter-antoniot-prvite-3-godini-bil-vo-bolnica-a-iva-pee-i-so-zatvorena-usta-3.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg