Х-фактор: Боби прв во полуфинале, Давид испадна (видео)
Тоа што во претходната емисија сите кандидати успеаја да се спасат, оваа вечер полошо им се одрази. Наместо само еден кандидат, испаднаа дури четворица.
Откако во двете вечери испеаја сите 10 кандидати, по 5 во секоја вечер за кои одделно се гласаше, но на крајот според заедничката листа на гласови, двајца кои го напуштија шоуто без можност за песна во дуел беа Катерина и Милан.
Додека во песни за дуел за своето место се бореа најпрво Илија и Антонио, кои според гласовите на жирито беа изедначени, но според гласовите на публиката шоуто го напушти Илија.
Во вториот дуел се најдоа Давид Темелков и Highway Trio. Давид се обиде да се извлече и да го освои жирито со уште една песна од Тоше Проески, пеејќи ја на српски „Igra bez granica“, но жирито речиси едногласно гласаше за Highway Trio. Тоа беше прва ситуација во која не беа рамномерно поделени гласовите од страна на судиите, па да се остави публиката да решава.
За среќа, меѓу оние кои отидоа во полуфиналето прв се најде нашиот Боби Мојсовски, кој оваа вечер настапи со песната „По тебе“ од Тоше, но ја изведе на свој и оригинален начин.
Жирито за него немаше никакви замерки, туку само пофалби. Најзначајниот коментар беше на Жељко, дека дури и самиот Тоше би бил горд на неговата изведба. Нема поголема пофалба од тоа.
Покрај Боби, директни полуфиналисти се и Ива, Магдалена, Амел, Аднан и Тарик и 9 Controls, на кои по дуелите им се придружуваат и Антонио и Highway Trio.
Оваа вечер за време на гласањето настапи и нашата поп дива Каролина Гочева изведувајќи ја нејзината „Кој да ми запеа“ со која блесна на сцената и со изведбата, но и со изгледот.
Според она што се дозна од зад сцената се очекува на 15-ти мај во Ситимол да има организирана дружба на фановите со нивните миленици на Х-фактор, бидејќи покрај нашите кандидати Давид и Боби ќе дојдат и дел од останатите.
Погледнете го настапот на Боби Мојсовски кој го одведе во полуфинале:
Погледнете го настапот на Давид во дуелот за спас: