Давид во секси издание, но не баш најдобар настап (видео)
По претходната емисија кога Тончи му забележа дека не е доволно мажествен или дека е премногу нежен и фин, Давид реши да го покаже другото свое лице.
Повторно избра емотивна балада, овојпат „Feel“ од Роби Вилијамс, но со променет стајлинг, кожно елече, широка сива маица, рокерски стил и згодно тело.
Сепак, изведбата на песната, иако сакаше да ја надополни со покажување на својот вокал, не успеа да го воодушеви жирито. На Жељко и Тончи не им се допадна многу неговото високо распејување, а Масимо сметаше дека ова не е неговиот најдобар настап. Александра му порача да продолжи да се усовршува.
Во оваа емисија не испадна ниту еден кандидат, но затоа во следната се очекува да испаднат четворица, а со тоа да се намали бројот на оние кои ќе бидат дел од големото финале на 21. јуни.
Погледнете го настапот на Давид: