Боби повторно ги освои фановите и жирито во Х-фактор (видео)
Добрите настапи и одличните коментари од жирито, како и поддршката од публиката за Боби Мојсовски од Охрид не престануваат.
Секоја следна емисија тој е сè подобар и подобар. Никој од жирито речиси и да не може да му најде ниедна замерка во досегашните настапи.
Во третата емисија во живо на Х-фактор, Боби настапи втор по ред со песната „Opet si pobjedila“, како избор на тема љубов и ја посвети на сите кои веруваат во вистинската љубов.
Одлично ги изведе сите ниски и високи тонови, ја пренесе силната емоција и моќта во гласот со што ги воодушеви сите.
Со оглед на овој, а и сите претходни негови настапи, Тончи искоментира дека ќе излезе дека на Х-фактор победуваат само Македонци. Според Жељко испеа перфектно, Масимо гледа голема музичка иднина пред него, а неговата менторка Александра Ковач го поздрави само со една реченица: „Се гледаме во финале“.
Во оваа емисија во дуелот со песна за спас се најдоа Нина и Јелена, од кои според гласовите на публиката шоуто го напушти Јелена Ѓуриќ.
Погледнете го настапот на Боби: