Жељко стана да му аплаудира на Боби Мојсовски (видео)
Во минатата емисија беше вистинска радост кога на крајот соопштија дека продукцијата на Х-фактор одлучила да врати дури четворица кандидати, а меѓу нив беше и нашиот Боби Мојсовски.
Ако некој мислеше дека не е доволно добар штом испадна уште во куќата на судиите, тој го докажа спротивното.
Иако е препознатлив по својот поп-рок стил на пеење, овој пат се претстави со евровизиската песна на Горан Каран „Остани“ и ги воодушеви сите.
Доказ за тоа се реакциите и на публиката и на жирито.
Жељко Јоксимовиќ стоечки му аплаудираше и му кажа дека би сакал да пее како него, Тончи остана без зборови, а Масимо е среќен што се вратил во шоуто. Александра смета дека публиката допрва ќе слушне што сè може тој.
Во оваа емисија испаднаа згодните девојки „Анџелине“ од групата на Тончи Хулиќ, а продукцијата одлучи да ја врати екстравагантната Даниела на голема радост на сите останати натпреварувачи, кои најмногу ја поддржуваа и бараа.
Погледнете го настапот на Боби: