Х-фактор: Калиопи во куќата на Александра Ковач ќе одлучува за македонските натпреварувачи
По одлуките на Масимо Савиќ и Жељко Јоксимовиќ за тројцата финалисти кои продолжуваат во емисиите кои ќе се одржуваат, на ред се уште Александра Ковач и Тончи Хулиќ, да ги одберат своите.
Додека кај Масимо помошничка при одлуката беше Нина Бадриќ, а кај Жељко беше Мирко Вукомановиќ, Александра како своја помошничка ја одбра нашата Калиопи, а Тончи го одбра Петар Грашо.
За среќа, Калиопи ќе биде во групата каде што се момците, меѓу кои и Македонците Давид и Боби.
Со оглед на нивните досегашни настапи, нема потреба од сомнежи дека би продолжиле понатаму, но Калиопи секако ќе биде добредојдена да е таму како нивна поддршка без разлика на одлуката.