Еден Македонец отпадна од Х-фактор: Избрани се првите финалисти

По првите аудиции, на ред дојде фазата во куќите на судиите, каде од шесте кандидати кои претходно ги одбра секој од членовите на жирито, се избираа само по три.

eden-makedonec-otpadna-od-x-faktor-izbrani-se-prvite-finalisti-01

Масимо ја имаше групата за кандидати над 27 години, меѓу кои се најде и нашиот Алмир Исмаили. Тој ја пееше „Збогум најмила“ од Ѓоко Таневски, но се покажа во послабо светло за разлика од претходно и во споредба со останатите 5 кандидати.

Со оглед на тоа што мораше да се одберат само тројца, Масимо со помош на неговата гостинка Нина Бадриќ одлучија да ги одберат: Амел Ќуриќ, Никола Марјановиќ и Јелена Ѓуриќ.

Во куќата на Жељко Јоксимовиќ се избираа трите девојки со најдобри настапи. Сите се покажаа во одлично светло, но Жељко со помош на Мирко Вукомановиќ одлучија понатаму да продолжат: Катарина Бабиќ, Магдалена Богиќ и Ива Ќуриќ.

eden-makedonec-otpadna-od-x-faktor-izbrani-se-prvite-finalisti-1

За оние кои испаднаа, спонзорот Самсунг ќе организира дополнително смс гласање за да се одбере уште еден плус кандидат кој ќе им се придружи на 12-те финалисти, откако во следната емисија ќе ги дознаеме тројцата претставници на Александра Ковач и Тончи Хулиќ.

Погледнете го последниот настап на Алмир:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg