Боби Мојсовски го „купи“ жирито на Х-фактор со беспрекорниот вокал (видео)
Боби има 22 години и е од Охрид, но воопшто не е анонимен за македонската фестивалска публика, бидејќи досега има настапувано на бројни музички натпреварувања и фестивали како Скопски, Охридски, Макфест, Еурофест, Славјански Базар и многу други.
Има освоено неколку награди, меѓу кои и оние за најдобра вокална изведба, за која го пофалија и овој пат на сцената на Х-фактор.
Тој ја пееше легендарната рок балада на Џон Бон Џови, „Bad of roses“, со која ги импресионираше сите членови на жирито.
На Жељко му се допадна тоа што е целосно внесен во песната и никого не имитира, на Александра ѝ се допадна неговиот чист вокал, а Масимо изјави дека целиот се наежил од неговата изведба.
Со едногласнo „Да“, Боби Мојсовски продолжува во следната фаза на натпреварување во регрутниот камп, кој почнува следната недела и каде ќе се изберат само половина од веќе избраните кандидати.
Погледнете го неговиот настап: