Х-фактор: Дали веќе се знае дека победникот е Даниел Кајмакоски?
Само два дена пред големото финале во недела на 23. март во „Конбанк Арената“ во Белград, неофицијално српски „Телеграф“ го открива најверојатниот победник.
Во досегашните емисии во живо Даниел секогаш имал најголем број пристигнати гласови и од Македонија и од Србија. Веќе на големо се зборува дека тој е најголем фаворит со најголеми шанси за триумф.
Според досегашните статистички процени во однос на гласовите, би требало да се случи чудо за да не победи Даниел.
Тој има и најголемо медиумско внимание од сите суперфиналисти. Веќе се појавува во бројни џинглови, емисии, а весниците и порталите речиси секојдневно пишуваат за него и го следат секој негов чекор.
Најдобар пример за тоа е пречекот кој го имаше во Градскиот Парк во Скопје кога стотици обожавателки и новинари едвај чекаа да стигнат до него.
Неговата изведба на „Counting Stars“ од One Republic стана попопуларна и попрепознатлива од оригиналот
За тоа дека Даниел е најголем фаворит свесни се и останатите финалисти кои сметаат дека талентираниот Македонец има најголеми шанси за победа.
Но, иако многумина го гледаат како победник, Даниел во утринската програма на Јована, сопругата на Жељко, изјави дека според него сите се фаворите и имаат еднакви шанси за победа.
Единствено важно е досегашната поддршка да продолжи и во недела, кога конечно ќе треба да се одлучи победникот и да се потврдат досегашните гласини за неговата победа.
Овие фотографии се вистински доказ дека е најголем фаворит за победа: