Даниел гостин во утринска емисија кај Јована, сопругата на Жељко (видео)
Иако многумина го прогласуваат за фаворит, победник, ѕвезда, Даниел сепак е скромен и останува на исто ниво со останатите финалисти.
Во утринската емисија на „Пинк телевизија“, каде водители се Срѓан и Јована, сопругата на Жељко Јоксимовиќ, Даниел Кајмакоски ги сподели своите досегашни впечатоци и очекувањата за во финалето.
После последното Live Show, тој се подготвува за големото финале во „Конбанк Арена“ на 23. март.
Според она што го најави, првата песна со која ќе настапи би требало да биде некоја која ќе ја опушти публиката, втората песна би требало да биде моќна балада која ќе остави најголем впечаток и на крајот, како трета песна би требало да биде некој светски хит кој ќе го заокружи финалето со надеж дека тоа ќе биде и победнички настап.
Како вистински професионалец смета дека треба еднакво труд за да се подготви и кога пее пред само тројца луѓе и пред полната арена.
За свој најлош настап ја смета изведбата на „Љубави“ од Жељко Јоксимовиќ, кога поради техничките проблеми го фатила паника, целосно се деконцентрирал и излегол од песната.
Со оглед на тоа што почесто пее странски песни и луѓето имаат впечаток дека не му лежат домашните песни, Даниел токму за да го докаже спротивното, решен е во финалето да пее и една домашна песна.
Поддршката за него стигнува од сите страни, многумина зборуваат за него и во Австрија, а во Македонија владее буквално лудило и има најмногу фанови кои се негова најголема поддршка и инспирација.
Слушнете го целосното интервју: