Тест: Откријте ја својата личност додека сте во жешка пустина
Уште еден забавен тест кој ќе ви ја разбуди фантазијата. Замислете си како патувате во пустина, и одненадеж гледате - коцка. Како изгледа таа коцка?
Полека читајте го тестот кој ќе ве воведе во имагинарен свет. Што повеќе детали запазите во него, толку поуспешен ќе биде вашиот тест. Започнуваме!
Замислете си една коцка. Колкава е коцката? Каква боја има? Колку е оддалечена од вас? Дали е јасно видлива? Ја гледате ли нејзината внатрешност? Одговарајте детално и описно.
Гледате скали. Која боја се скалите? Од што се направени? Која е оддалеченоста помеѓу скалите и коцката? Дали скалите се потпрени на коцката?
Одеднаш, здогледувате и коњ. Која е неговата оддалеченост од коцката? Која е неговата боја? Каков впечаток ви остави кога за прв го видовте? Дали е врзан? Има ли седло?
Во близина ви се појавуваат и неколку цветчиња. Колку? Каде се наоѓаат цветовите? Каква боја се? Што почувствувате кога за прв пат ги здогледавте?
За жал, надоаѓа и олуја. На која оддалеченост е од коцката? Дали тоа е голема или мала олуја? Како изгледа? Објаснете се што гледате.
За поточни и подетални резултати, запишете ги сите одговори во коментарите пред да ги откриете објаснувањата.
Потоа продолжете на следната страна...