Тест: Според oтисокот од карминот, проценете ја личноста

Новата дисциплина, липсологија е многу популарна во Америка, а стручњаците одредиле 25 категории усни и преку 100 поткатегории. Намачкајте ги усните со кармин и направете отисок на хартија, па врз основа на тоа ќе дознаете некои работи за себе.

test-kakov-baknez-imate-takvi-ste-vie-01

1. Триаголниот отисок на усните го оставаат луѓето кои секогаш им стојат на располагање на другите и добро ги проценуваат другите личности.

Ако се подеднакво нагласени двата краја на усните, значи дека сте под стрес. Помалку изразените линии укажуваат дека не сакате да разговарате за проблемите, додека пренагласен отисок имаат оние кои постојано се жалат, но ништо не преземаат.

2. Ако усните на хартијата се цврсто затворени, тоа значи дека сте многу одлучни и сигурни. Што и да решите никој не може да ве предомисли.

3. Кога отисокот од карминот е во облик на правоаголник, значи дека успешно ги решавате тешкотиите и храбро се соочувате со проблемите.

4.  Многу тенката горна усна покажува дека сте перфекциониста и дека многу барате.

5.  Прилично дебела горна усна укажува дека сте великодушни, ги сакате животните, децата и храната.

6. Изразено заоблени усни имаат енергичните луѓе кои го почитуваат мислењето на другите и се подготвени да помогнат. Сакаат промени и изненадувања.

7. Прецизен отисок од карминот оставаат строгите личности, кои сакаат организација за помалку стрес.

8.  Блед и едвај видлив отисок е знак дека ви треба одмор од секојдневните обврски, бидејќи енергијата ви е сведена на минимум.

Си направивте отисок на хартија? Каков е вашиот бакнеж?

Би можело да ве интересира:

Тест на личност: Дали сте нарцисоидни (без чувства за другите луѓе)? Секој од нас е по малку нарцисоиден и заљубен во себе. Но, ако сакате да провери...
Тест на личноста: Розата што ќе ја одберете открива дали ќе ви се исполни најголемата желба Дали ви е најголема желба да сте среќни? Да имате љубов како од бајките? Или да ...
Одберете лист и дознајте – што да направите за да си ги остварите големите животни цели? Дали треба да ги слушате советите на саканите или треба да си ја вратите самодов...
Дали гледате пеперутка или двајца мажи (и што открива тоа за вас)? Одговорете искрено дали прво видовте пеперуртка или двајца мажи и дознајте нешто...
Психолошки тест на личност: Која е вашата скриена моќ? Одберете едно животно без многу да размислувате - вашата потсвест ќе ви открие к...
Право или десно: Изберете во која насока гледа жената и откријте каква личност сте За да дознаете што кажува за вас овој психолошки тест, важно е што ќе забележите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg