Тест на потсвеста: Изберете една снегулка и дознајте што ви е најголем животен предизвик
Снегулка број 4: Оптимизам
Вие сте оптимист, ширите добра енергија и се радувате на среќата на другите.
Од друга страна, не сакате да зборувате многу за вашите проблеми, бидејќи потсвесно сте убедени дека „коцките ќе се наредат кога ќе дојде време“.
Ваш најголем предизвик во животот е да останете млади во духот дури и кога ќе ви се случат најголемите животни удари.
За да успеете во ова, треба да се држите подалеку од луѓе кои ви ја трошат енергијата.
Снегулка број 5: Недоверливост
Вие сте некој што се сомнева во сè.
Внимателни сте со ветувањата кои ви ги даваат другите луѓе, се сомневате во вашите способности, мислите дека другите се подобри од вас во сè и се плашите дека понекогаш ве третираат како наивна личност која лесно може да ја измамат.
Дозволувате само мал круг на луѓе да ви се приближи и да ве запознаат какви сте навистина.
Самите на себе си поставувате предизвик да бидете недопирливи во животот и да ги натерате луѓето да се оддалечат од вас, а не да ви се приближат.
Снегулка број 6: Признавање
Вие сакате луѓето да ве паметат по вашата дарежливост и добрина.
Се обидувате да оставите добар впечаток кај сите што ќе ги сретнете, а кога некој ќе ве одбие или навреди, страдате долго време во тишина, прашувајќи се каде сте згрешиле.
Во вашето срце нема место за злоба и љубомора, но понекогаш заборавате дека не се сите луѓе исти.
Ваш најголем предизвик во животот е да прифатите дека луѓето се различни и дека не секој секогаш ќе ве сака бескрајно, и покрај вашите напори.
А. Ј. | Црнобело