Тест на потсвеста: Изберете една снегулка и дознајте што ви е најголем животен предизвик
Снегулка број 1: Страст
Имате цврст карактер и непоколеблива волја.
Кога сакате да направите нешто, ја вложувате целата своја сила и енергија за да ја постигнете целта.
Вие сте страсни по природа, и најголем предизвик во животот ви е да ги поместувате границите и да бидете пример за другите.
Снегулка број 2: Емпатија
Пријателите и семејството ви се на прво место, а кога тие се среќни и вие сте среќни.
Но, кога на некој што ви е драг да му треба помош, во состојба сте да ги оставите сите ваши обврски и желби на страна и да се фокусирате на решавање на туѓиот проблем.
Ваш најголем предизвик во животот е да им помогнете на другите луѓе, но и да научите да кажувате „не“ кога ќе видите дека ќе почнат да го злоупотребуваат тоа што сте добри.
Снегулка број 3: Аналитичност
За вас важи поговорката „Трипати мери, еднаш сечи“.
Пред да донесете каква било одлука во животот, добро размислувате за сè, a дури потоа го направите она што мислите дека е најдобро во тој момент.
Другите често ве прашуваат за совет, бидејќи знаат дека заеинтересирано ќе ги ислушате, а потоа ќе им дадете и совет за тоа што би направиле вие да сте на нивно место.
Еден од најважните животни предизвици, кој си го поставувате сами на себе, е да се борите против неправдата и да извлечете максимална корист од секоја ситуација.