Некои луѓе и на 18 години се однесуваат зрело, а други и на 60 се деца во душа. Во кои спаѓате вие?
Дали сте ментално подготвени да започнете врска или пак ви е потребно време прво да се справите со сопствените емоции? Тестирајте се низ 7 кратки прашања...
Ајфеловата кула е прва асоцијација на Франција, Колосеумот за Италија, Статуата на слободата за Америка. Но, колку добро ги познавате и другите знаменитости и туристички атракции во државите низ светот?
Дали со својата несигурност го оттурнувате партнерот или пак сте личност што сака постојано да ја држи контролата во раце, а партнерот само треба да прифати дека вие го имате главниот збор? Дали сте самоуверена личност, што секогаш води сметка за туѓите емоции? Тестирајте се...
Дали сте од оние луѓе што само го читаат дневниот хороскоп за забава или пак се трудите да бидете упатени во тајните на астрологијата?
Како се вика грчката божица на здравјето? Кој е главен град на Финска? Проверете колку од овие 10 прашања, чии одговори почнуваат на буквата „Х“, ги знаете...
Ова е квиз за сите оние што сакаат јазични предизвици. Колку време ќе ви треба за точно да ги погодите имињата на сите македонски градови, чии имиња се напишани со измешан редослед на буквите.
Колку олимписки медали има Шабан Трстена? Која година ракометарките на „Кометал Ѓорче Петров“ ја освоија шампионската титула? Дали го познавате добро македонскиот спорт?
Што е сувлаки? А што му го дава специфичниот вкус на пијалакот узо? Тестирајте се колку ја познавате грчката кујна.
Париз, Цирих или Барселона? Море, планина или град кој не сте го посетиле претходно? Каде најмногу сакате да летувате?
Дали тоа што го чувствувате за партнерот е љубов или опсесија? Тестирајте се низ неколку забавни прашања.
Имате чувство дека љубовта меѓу вас згаснува, дека сте запоставени и веќе не сте центарот на универзумот во очите на саканата личност. Тестирајте се зошто се чувствувате запоставени во врската.
Имате срце од камен и тешко им се препуштате на чувствата или се заљубувате уште пред да почнете врска? И што треба да направи партнерот за да ве привлече?
Дали сте од оние девојки што од дете си ја замислуваа совршената свадба? Па сега кога дојде тој ден, не сакате да попуштите никому за ништо и станувате неподнослива? Или ви е сеедно што ќе се случува, сè додека си поминете убаво на вашиот најважен ден?
Дали сте воопшто незаинтересирани за животот на децата, нервозен диктатор што за секоја грешка измислува нова казна, или пак сте родител кој е за пофалба? Тестирајте се низ неколку едноставни прашања.
Секому може да му се случи долго време да биде со некого во врска или во брак, а потоа да почне да сфаќа дека можеби направил грешка. Дали вие сте со погрешниот партнер? Тестирајте се.
Дали сте позитивна личност која со многу еуфорија прифаќа сè, или гледате на работите пореалистично? А дали можеби ги идеализирате работите, дури и кога не треба?
Дали за време на вечера чекате сите да седнат пред да почнете да јадете и дали во последен миг им откажувате покана на луѓето со изговор дека сте „болни“? Одговорите на некои од овие прашања може да ви помогнат да откриете дали сте личност со добри манири или имате уште многу да учите.