Квиз: Дали имате добри манири или се однесувате како некултурна личност?
Дали за време на вечера чекате сите да седнат пред да почнете да јадете и дали во последен миг им откажувате покана на луѓето со изговор дека сте „болни“? Одговорите на некои од овие прашања може да ви помогнат да откриете дали сте личност со добри манири или имате уште многу да учите.
Добрите манири не нѐ чинат ништо, а можат да ни донесат многу. Некои од правилата за убаво однесување ги учиме уште од најмали нозе, а некои ги учиме со текот на годините, но тие се многу важни за впечатокот што го оставате кај другите.
Личноста што има добри манири секогаш покажува почит и разбирање за сфаќањата и чувствата на другите луѓе и знае дека бон-тон правилата не се само измислици, туку тие постојат за да го направат животот полесен за сите.
Дали вие можете да бидете горди на сопственото однесување или пак е потребно да вложите повеќе труд?