Брз тест по македонски јазик: Кои зборови се пишуваат слеано, а кои разделено?
Вчера вечер или вчеравечер? Како е правилно? Тестирајте се низ 10 брзи примери дали добро владеете со македонскиот правопис.
Како се пишува правилно, слеано, разделено или пак можеби треба цртичка? Оваа дилема со некои од македонските зборови ја имаат сите.
Доволно е само да се погледнат некои од коментарите на социјалните мрежи и ќе сфатите дека правописот можеби не е најсилна страна за многумина.
Тестирајте се низ овие 10 примери дали знаете кои зборови се пишуваат разделено, а кои слеано:
1. Од тука или оттука;
2. Од десно или оддесно;
3. Отсекогаш или од секогаш;
4. Секој пат или секојпат;
5. Вчера вечер или вчеравечер;
6. Незнаејќи или не знаејќи;
7. Што туку или штотуку;
8. По некоја или понекоја;
9. Бледо син или бледосин;
10. Каков било или каковбило.