Брз тест по македонски јазик - Дали правилно ги употребувате формите за множина?

Македонскиот јазик има 3 вида множина, па се чини дека оттаму потекнуваат сите проблеми. Ако на ова се додадат и дијалектите, тогаш настанува вистински проблем.

brz-test-po-makedonski-jazik-dali-pravilno-gi-upotrebuvate-formite-za-mnozhina-01.jpg

Дали сте се нашле во ситуација да размислувате како треба правилно да напишете некои зборови во форма за множина?

Македонскиот јазик има три вида множина: обична, избројана и збирна. Обичната и збирната множина ја имаат именките од сите три рода, а избројаната е карактеристична само за именките од машки род кои во еднина завршуваат на согласка.

Со овој брз тест се обидовме да издвоиме некои од клучните општи именки кај кои настануваат проблеми во образувањето на формите во множина и каде што најчесто се прават грешки.

Тестирајте се дали добро се снаоѓате со формите за множина?

1. Јаболки или јаболка;

2. два листа од тетратка или два листови од тетратка;

3. ножеви или ножови;

4. два клуча или два клучеви;

5. четири мостови или четири моста;

6. многу коњови или многу коњи;

7. Имам два синови или Имам два сина;

8. Купи 5 сладоледи или купи 5 сладоледа;

9. Во шумата растат листопадни дрва или Во шумата растат листопадни дрвја;

10. Луѓето со големи носеви или Луѓето со големи носови

Одговорите се на следната страна:



Би можело да ве интересира:

Квиз: Прашања поврзани со јануари што мора да ги знаете од општа култура Кој верски празник се слави во Македонија на 19 јануари? А на кој датум во 1981 ...
Квиз: Дали треба да се вратите во основно? Во физиката, во која мерна единица се мери тежината? А, кој се смета за „татко н...
Географски квиз: Погодете ги државите според нивната форма Освен Македонија, кои европски држави можете да ги познаете само по нивната форм...
Квиз: Дали ги знаете главните градови во Европа? Знаете ли кој е главниот град на Сан Марино? А, на Андора? Знаете ли кој е гл...
Квиз: 10 научни прашања што треба да ги одговорите без помош од интернет Знаете ли која галаксија е најблиску до Млечниот пат или што се наоѓа во атомско...
Квиз: 10 (навидум) лесни прашања што многумина ги одговараат погрешно Што мислите, што има поголема температура – површината на Сонцето или молња? ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg