Квиз: Погодете каде се наоѓа акцентот на зборовите во македонскиот јазик

Сигурно го знаете основното правило за акцентирање во македонскиот јазик, но дали ги знаете и исклучоците?

kviz-pogodete-kade-se-naogja-akcentot-na-zborovite-vo-makedonskiot-jazik-01.jpg

Кога станува збор за акцентирањето во македонскиот јазик, сите го знаеме основното правило – акцентот е на третиот слог од крајот на зборот. Но, од ова правило постојат бројни исклучоци.

На пример, правилото не може да важи за зборови кои имаат помалку од три слогови. Покрај тоа, во македонскиот јазик има и многу зборови од странско потекло за кои не важи основното правило.

Во македонскиот јазик има и акцентски целости, односно два збора кои се изговараат со еден акцент.

Бидејќи секој дијалект има различно акцентирање, некогаш може да биде предизвик да одредите каде треба да стои акцентот на одреден збор од литературниот јазик.

Но, ако сте внимавале на часовите по македонски, сигурно се сеќавате на исклучоците, дури и ако одамна не сте зборувале литературно.

Во продолжение следат 10 зборови и изрази, а вие треба да одредите на кој слог се наоѓа акцентот.

Погодете каде се наоѓа акцентот на зборовите во македонскиот јазик
  1. 1. Каде се наоѓа акцентот?
    Генерàл
    Гèнерал
  2. 2. Каде се наоѓа акцентот?
    Сѝже
    Сижè
  3. 3. Каде се наоѓа акцентот?
    До мèне
    Дò мене
  4. 4. Каде се наоѓа акцентот?
    Ѝзградба
    Изгрàдба
  5. 5. Каде се наоѓа акцентот кај прилогот за време?
    Годѝнава
    Годинàва
  6. 6. Каде се наоѓа акцентот?
    Зà час
    За чàс
  7. 7. Каде се наоѓа акцентот?
    Пàркира
    Паркѝра
  8. 8. Каде се наоѓа акцентот?
    Покрàј мене
    Покрај мèне
  9. 9. Каде се наоѓа акцентот?
    Сòгласност
    Соглàсност
  10. 10. Каде се наоѓа акцентот?
    Очèвидец
    Очевѝдец

Спирова С. | Црнобело

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Квиз: Колку прашања поврзани со книжевностa ќе одговорите без помош на Гугл? Знаете ли кој го запишал епот „Илијада“, а знаете ли како се вика човекот што са...
Географски квиз: Колку знаете за границите на земјите ширум светот? Знаете ли која држава граничи и со Канада, и со Мексико? А, со кои држави гранич...
Географски квиз: На кои држави припаѓаат популарните острови? Знаете ли на која држава ѝ припаѓаат Хаваите или, пак, островот Хвар? Колку знае...
Квиз: Колку прашања за човечкото тело ќе одговорите без Гугл? Знаете ли како се вика сврзното ткиво што ги поврзува коските и мускулите? Зн...
Квиз: Дали ги знаете главните градови во Европа? Знаете ли кој е главниот град на Сан Марино? А, на Андора? Знаете ли кој е гл...
Квиз: Колку знаете за грчката митологија? Знаете ли кој лик од грчката митологија наместо коса, има змии? А, знаете ли кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg