Можете ли да ги решите прашањата за интервју од најуспешните компании?

Многу луѓе би сакале да работат во некоја голема, стабилна и добро позната компанија на светско ниво, но дали лесно можете да се вработите таму?

mozete-li-da-gi-reshite-prashanjata-za-intervju-od-najdobrite-kompanii-01.jpg

Добро знаеме дека за да добиете одредена работа, најважно е како ќе се покажете на интервјуто, а веќе одамна не се поставуваат оние досадни прашања како: „Каде се гледате за пет години?“, „Кои се вашите најсилни страни?“, „Кои се вашите најголеми маани“?

Денес, светски познатите компании поставуваат прашања кои бараат од вас да покажете како размислувате и колку навистина сте креативни.

Со овој тест можете да откриете дали ќе ја добиете работата од соништата:

Можете ли да ги решите прашањата за интервју од најуспешните компании?
  1. 1. Дали сонцето секогаш изгрева на исток?
    Не, северниот и јужниот пол се исклучок.
    Не, екваторот е исклучок.
  2. 2. Зошто шахтите се во форма на круг?
    Кружните шахти не мора да се ротираат за да се поклопат со дупката.
    Шахтите во облик на квадрат можат да пропаднат затоа што дијагоналата на квадратот е поголема од страните на квадратот. Кружните шахти не можат да пропаднат.
  3. 3. Вртимушка се врти на маса. Имате неколку шпенагли. Како ќе проверите во која насока се врти вртимушката?
    Нежно ќе го допрам горниот крај на вртимушката со шпенагла. Поради брзото движење, шпенаглата ќе се накриви во насоката на која се движи вртимушката.
    Не ми требаат шпенагли, само парче хартија за да проверам во која насока се врти вртимушката.
  4. 4. Вие сте со големина на метална паричка и сте во блендер. Ножевите на блендерот ќе започнат да ротираат за 60 секунди. Што ќе направите?
    Ќе се наведнам на дното и ќе се надевам дека ќе останам жив/а.
    Ќе скокнам од блендерот.
  5. 5. Како можете да го откриете бројот на бели автомобили во Њујорк?
    Ќе го откријам бројот на регистрирани автомобили во Њујорк. Да речеме дека 20% од автомобилите се со бела боја. Сега е време за пресметки.
    Треба да го изброиме бројот на бели автомобили кои поминуваат за половина час на 5-та Авенија. Во еден ден 48 пати има 30 минути, па со тој број ќе го помножиме бројот на изброени автомобили.
  6. 6. Замислете дека ставате чаша со вода на грамофонска плоча која ротира. Што ќе се случи?
    Дури и најмалата центрифугална сила ќе го зголеми нивото на вода и истата ќе се истури.
    Зависи од формата на чашата и количината на вода во неа.
  7. 7. Андреј и Бојан имаат 21 денар. Андреј има 20 денари повеќе од Бојан. Колку пари има секој?
    Андреј има 20 денари, а Бојан 1 денар.
    Андреј има 20 денари и 50 дени, а Бојан има само 50 дени.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Квиз: 10 лесни прашања што треба да ги знаете од општа култура Колку елементи има во периодниот систем? А, колкав е збирот на аглите во триагол...
Квиз за остроумни: 10 општи прашања кои никако не смеете да ги згрешите Колку е висок Титов Врв на Шар Планина? Колку време траела најкратката војна во ...
Квиз: 10 општи прашања за кои не смеете да побарате помош од Гугл Во која измислена земја се случува дејствието на „Петар Пан“? Каде се наоѓаат Во...
Квиз: Прашања кои мора да ги знаете ако сте имале 5-ки во училиште Знаете ли што е Ел Дорадо или кои бои се наоѓаат на знамето на Италија? Знает...
Квиз: 10 општи прашања по македонски јазик и литература (на кои треба да го знаете одговорот) На колку прашања поврзани со македонскиот јазик и литература ќе одговорите ведна...
Квиз: Колку прашања поврзани со книжевностa ќе одговорите без помош на Гугл? Знаете ли кој го запишал епот „Илијада“, а знаете ли како се вика човекот што са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg