Кога да земете кредит од финансиско друштво?
Краткорочните кредити се наменети за пресретнување на неочекувани потреби за финансиски средства, на пример, кога ненадејно ќе се расипе некој електричен апарат во домаќинството и е потребна брза поправка или негова замена со нов.
Иако услугата е лесна и едноставна, сепак е неопходно таа да се користи одговорно и разумно. Пред да земе кредит од финансиско друштво, секој поединец треба да ја процени вистинската потреба за овие пари, неговата способност да ги врати навремено и да се осигура дека не позајмува повеќе отколку што е потребно.
Секој кој ќе одлучи да земе кредит од финансиско друштво, треба да се осигура дека е во ред со трошоците, внимателно ги прочитал и разбрал условите на договорот, како одговорност за тоа дали согласно сопствениот буџет може да го отплати кредитот до датумот на доспевање.
Како што зборувавме во еден од претходните текстови, краткорочните кредити не треба да се користат за подмирување на долгорочни финансиски потреби, но и не треба да се користат за враќање на други кредити.
Доколку сепак клиентот се соочи со потешкотии за исполнување на своите обврски, одговорните кредитори, како што е Тиго, го повикуваат клиентот заедно да побараат решение, подучувајќи го:
- Во никој случај клиентот не треба да се задолжи кај други инстанци за да го отплати постојниот долг
- Клиентот треба да контактира со компанијата за да го најде најдоброто решение за проблемот
- Клиентот не треба да го одложува проблемот – бидејќи колку подолго се двоуми, толку ќе биде потешко да се надмине ситуацијата
- Клиентот треба да го ревидира својот буџет - можеби има трошоци кои не се клучни за него во конкретниот месец и можеби може да се адаптира на моменталната ситуација или да ги намали
- Доколку, сепак, клиентот не гледа начин да се справи со ситуацијата, го повикува да побара совет од Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија – www.afd.mk