Што значи Микрофинансирање?
За сите што одговорија И – Браво! МИКРОФИНАНСИРАЊЕ. За сите што сакаат да научат повеќе, прочитајте подолу!
Што значи Микрофинансирање?
Микрофинансирањето e финансиска услуга која им се овозможува на индивидуални субјекти кои од различни причини немаат или пак имаат ограничен пристап до традиционалните финансиски услуги да ги пресретнат и задоволат своите финансиски потреби во моментите кога тоа ним им е најпотребно на брз, ефикасен и безбеден начин.
Иако префиксот е -микро-, сепак улогата на микрофинансирањето е навистина голема за економијата, бидејќи подразбира поддршка и пристап до финансии за граѓаните или бизнисите тогаш кога ним им е тоа најпотребно, се разбира во согласност со етиката и начелата за одговорно кредитирање. Станува збор за услуги за кредитирање на индивидуални субјекти на кои им се потребни помали (микро) износи на средства (200, 300, 500 евра) заради различни причини, а кои најчесто излегуваат непредвидено, а кои им се потребни во најкус можен рок, без дополнителни чекања или процедури.
Микрофинансирањето, онакво какво што го знаеме денес, е популаризирано од страна на Мухамед Јунус, добитник на Нобелова награда во 2006 година, а кој беше основач на првата институција за микро кредитирање во 1976 г. во Бангладеш.
Овозможено од tigo.mk