Во насока на подобрување на сервисот, услугите и продуктите наменети за деловните корисници, Македонски Телеком почна со понуда на првото апликациско решение од својата Cloud партнерска програма. Се работи за EPISTUM Cloud, решение што ја користи инфраструктурата на Македонски Телеком, а е наменето за едукативни установи и за компании кои организираат обуки и едукација за своите вработени...