Ако по грешка пратите порака на Viber, сега можете да ја избришете
Постои голем избор на апликации за разговарање со пријателите преку пораки, но Viber сега е една од ретките која ви нуди да ги избришете веќе испратените пораки.
На повеќето од нас барем еднаш во животот ни се случило да поминеме една вечер со малку повеќе алкохол и да се одлучиме да пишуваме на некои од контактите кои ги имаме, а подоцна да се каеме за таквата одлука.
Отсега, постои опција да ги избришете и да се однесувате како никогаш да не сте ги испратиле. Оваа можност да добивате со најновиот „update“ на Viber во верзија 5.6.5.
Една од најдобрите работи е што ако сте биле доволно брзи во бришењето, оној кому сте ја испратиле пораката може никогаш да нема можност да ја прочита.