Конечно: Преболувањето на бившите ќе стане полесно со Фејсбук
Фејсбук ги направи раскинувањата далеку потешки отколку што навистина се. Прво треба да се соочите со раскинувањето во реалноста, а потоа да го промените вашиот статус на оваа социјална мрежа.
И со самиот факт што најчесто сте разговарале со него, треба и понатаму да продолжите да го гледате бившиот партнер, без разлика дали сакате или не. А, не сакате да го кликнете она копче „unfriend“.
За среќа, Фејсбук конечно реши да направи нешто околу тоа.
Се најави нов начин на кој можете да го избегнете бившиот партнер во новостите кои ви пристигнуваат на Фејсбук. Моментално можат да го употребуваат корисниците на мобилни телефони во САД, но наскоро ќе се прошири насекаде.
Како функционира? Еднаш штом ќе решите да го тргнете Фејсбук статусот, ќе имате опција да ги промените сетинзите. Можете да одберете да гледате помал дел од неговите објави на Фејсбук, без да мора да престанете да бидете пријатели.
Исто така, ќе можете скришно да ги тргнете таговите од заедничките фотографии.