Новиот iPhone 6S е 70% побрз од претходната генерација и со 3D Touch
Аpple официјално го објави излегувањето во продажба на новиот iPhone за 2015-та - iPhone 6S заедно со поголемиот iPhone 6S Plus. Новиот модел е значително подобар од минатогодишниот iPhone 6, но изгледаат речиси исто.
Најголемата разлика е 3D Touch – технологијата, слична на Force Touch кај Apple Watch каде корисникот може да го притиска дисплејот со малку повеќе притисок и да добие уште неколку функционалности како кај самиот iOS, така и внатре во самите апликации.
iPhone 6S и iPhone 6S Plus може да се нарачуваат веќе од 12 септември, а нивната достава започнува од 25 септември.
Погледнете дел од новите 3D Touch функционалности:
iPhone 6S има нов процесор А9 за кој Apple тврди дека е дури 70% побрз од претходниот чип А8 во iPhone 6 и 90% подобра графика.
Како што е очекувано, задната камера е исто така подобрена – 12 пикселна iSight камера чии сензор има 50% повеќе пиксели и 50% повеќе пиксели за фокусирање.
Со неа можете да правите и 4к видеа со резолуција од 3840x2160.
Предната камера е 5 мегапиксели и има нов тип на блиц каде самиот дисплеј претставува блиц и станува трипати посветол кога фотографирате.
На американскиот пазар цените за iPhone 6S започнуваат од 199$, а за iPhone 6S Plus 299$.
Apple овој пат вклучува и нова боја на телефоните - розово златна.