Како да креирате успешен YouTube канал?

Сакате да креирате YouTube канал, а немате идеја како да започнете, ниту што треба да направите? Сакате вашиот канал да биде успешен и посетен од многу претплатници?

kako-da-kreirate-uspesen-youtube-kanal-001.jpg

Прочитајте ги нашите совети за креирање на успешен YouTube канал и започнете со вчитување на вашите видеа.

Дизајн

Прво ќе треба да го создадете вашиот YouTube канал, за да ги вчитате вашите видео клипови. Треба да смислите интересно име за вашиот канал. Ќе сакате да изберете нешто незаборавно и лесно за изговор или име кое на некој начин ја поврзува темата со вашиот канал.


Понудете нешто професионално

Постојат многу професионални, добро произведени видеа на YouTube. Нема ништо лошо со снимање со мобилен, доколку не поседувате камера или добар фотоапарат, без оглед на квалитетот на сликата, секогаш обидете се вашиот кадар да биде статичен, а звукот да биде чист и јасен. Гледачите ги одбива лошата слика, кадри без фокус и нејасен звук, односно врева.


Бидете посветени

Доколку не сте целосно посветени на вашиот канал никој нема да се мачи за вас. Треба да поставувате видеа редовно, да бидете во интеракција со вашите претплатници и да ги прашувате што би сакале да видат во иднина. Доколку одговарате на коментарите под видеата ќе имате повеќе претплатници. Што е најважно, проверувајте го својот канал секој ден. Разгледајте наоколу и барајте идеи.


Поставете распоред

Некои од најпопуларните канали стриктно се држат до распоредот за поставување на видеа. Претплатниците сакаат да гледаат нови видеа во исто време секоја недела, па доколку можете, обидете се секоја недела или месец, во исто време да објавувате нови видеа.


Работете на таговите

Кога ќе го вчитате видеото, лесно е да напишете неколку тагови поврзани со истото. Проблемот може да постои кога се користат секојдневни тагови, односно популарни тагови. На пример, доколку имате креирано видео во кое свирите гитара ве очекува голема конкуренција на веќе постоечките видеа. Наместо тоа, размислете да додадете повеќе специфични и не многу чести тагови.


Не спамирајте

Постојат многу начини за да се добивање на малку внимание и на YouTube, но сите од нив се бараат креативност и талент. Доколку често спамирате, односно оставате лоши коментари, размислете што може тоа да направи за вашата репутација.

Автор: М.А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg