Фејсбук воведува нова промена: Наместо профилна слика, ќе можете да ставите видео
Време е да се препуштите на креативноста, бидејќи Фејсбук најави нови интересни промени кои наскоро ќе ги воведува. „Секојдневно се прават повеќе од 4 милијарди посети на Фејсбук профилите и токму затоа, секогаш бараме нови начини на кои луѓето може да го прикажат својот онлајн идентитет и да се поврзат со другите“ – изјавија Шорман и Хсие.
Една од новините која ќе се воведува е можноста наместо профилна фотографија, да ставите видео долго 7 секунди, односно нешто слично на gif датотека, бидејќи видеото ќе се пушта одново и одново.
„Еден од моите дизајнери ме повика да го погледнат неговиот профил на кој наместо обична, имаше движечка слика. Така ја добивме идејата да донесеме малку живост во профилните фотографии“ – вели Шорман.
Ова лето, Фејсбук ја воведе апликацијата “Celebrate Pride” која беше наменета да го прослави ново донесениот закон за легализирање на бракот од ист пол, но и да направи тест.
„Повеќе од 26 милиони луѓе го употребија овој филтер и беше повеќе од јасно дека луѓето сакаат да покажат кои се преку нивната профилна фотографија. Овие фотографии не се статични. Тие служат да покажат што ви се случува во животот и моментално што ви е важно. Тогаш, зошто да не им дадеме нови можности за изразување на луѓето?“ – се вели во блогот на Фејсбук.
Со други зборови, следната промена која ќе ја воведе Фејсбук е можноста профилната фотографија да биде моментална и по извесен период да се промени во некоја постара фотографија. Така можете повремено да ставите фотографија во која уживате на одмор или на фудбалски натпревар, а по извесен период повторно да ви се врати старата фотографија.
Уште една промена која ќе ја воведе - најгорниот дел од профилот ќе можете да го менувате по желба и да си ставите кратка биографија, онака како што можете тоа да го направите на Инстаграм и Твитер. Исто така, ќе можете да одберете 5 фотографии кои ќе бидат на почетокот на вашиот профил.
Профилите ќе изгледаат далеку подобро на вашите мобилни.
Профилните фотографии ќе се наоѓаат во центарот на вашиот профил и ќе бидат поголеми за подобро да се гледа вашето лице, а описот за вас повеќе нема да биде во посебниот таб „About“ туку на почетокот на вашиот профил во самиот центар.