Ништо од iPhone 5
Епл денес го претстави новиот iPhone, но за разлика од очекувањата за iPhone 5, станува збор за iPhone 4S. Надворешниот изглед на новиот iPhone 4S...
...останува ист, но во внатрешноста Епл објави драстични промени во однос на неговите перформанси.
Според Епл, новиот iPhone 4S ќе содржи А5 Процесор, ист како оној во iPad 2. Овој чип ќе ја процесира графиката 7 пати побрзо од сегашниот чип во iPhone 4.
Батеријата на новиот iPhone 4S ќе трае подолго, а интелигентната нова антена ќе овозможи поквалитетни повици.
Камерата со 8 мегапиксели ќе биде подобување за 60% повеќе пиксели од неговиот претходник, ќе вклучува и препознавање на лица и 1080p HD видео снимање.
Би го купиле ли овој паметен телефон? Ќе го смените ли вашиот iPhone 4 за iPhone 4S? Слободно споделете го вашето мислење во коментарите.