Фејсбук врие од вируси
Глобално познатиот Фејсбук е мета на хакерите низ целиот свет кои пробуваат да крадат податоци. Што се однесува до лажни апликации и нова верзија...
... на Koobface, социјалната мрежа се соочила со 5 различни проблеми во однос на сигурноста во последниот месец, јавува BBC news.
Содавајќи лажни пораки кои корисниците треба да ги пополнат во детали, хакерите пробуваат да дојдат до довербата на корисниците.
Фирмите за сигурност предупредуваат дека токму популарноста на Фејсбук кој користи висока технологија, ги искушува хакерите. Имено, Фејсбук овие денови е нападнат од 4 апликации и нова верзија на Koobface вирусот.
Апликациите се направени за кражба на важни информации од корисниците, кои потоа би можеле да се продадат.
Една апликација полна со спамови пробува да ги наговори корисниците да ја додадат, бидејќи нивните пријатели се соочуваат со потешкотии при отворање на нивниот профил.
Новата варијанта на висрусот Koobface испраќа порака во која ги убедува луѓето да ја посетат лажната страната на YouTube и на тој начин го инсталираат вирусот.
Кога вирусот еднаш ќе се инсталира, ги бара т.н. “cookies” низ компјутерот па користејќи ги деталите кои ќе ги нјаде, се вовлекува и на други социјални мрежи кои ги користи тој корисник.