Дарина Иванова, маркетинг директор во Huawei Consumer Business Group: „Предизвик ми е што работам во најдинамичната технолошка компанија“

„Да се ​​биде успешна жена на врвот на компанија како Huawei Consumer Business Group, значи да бидете вљубени во она што го работите. Да имате јасен фокус и визија, да бидете храбри и одлучни, љубопитни и со ширум отворени очи за нови нешта и сѐ што може да ве инспирира околу вас. Mаркетингот е ретка комбинација на бизнис, наука, уметност и креативност во едно.“, вели Дарина Иванова од Бугарија за CRNOBELO.com.

darina-ivanova-marketing-direktor-vo-huawei-consumer-business-group-predizvik-mi-e-shto-rabotam-vo-najdinamichnata-tehnoloshka-kompanija-01.jpg

Дарина Иванова е маркетинг директор во Huawei Consumer Business Group за Бугарија и Македонија. Млада, инспиративна и амбициозна, таа е дел од динамичниот процес на функционирањето на оваа светски успешна компанија.

Вели дека ѝ е предизвик затоа што работи во најинтересната и најдинамичната технолошка компанија и дека тоа е и одговорност и привилегија што треба да ги брани секој ден. Од друга страна пак вели дека најголемо задоволство ѝ причинува успешниот тим, кој дише и функционира како едно.

За CRNOBELO.com открива детали од работата, но и за новите производи на Huawei, а говори и за пулсот кој доминира на македонскиот пазар во поглед на технологијата:

Самата титула - маркетинг директор на Huawei Consumer Business Group за Бугарија и Македонија е поврзана со успех, посветеност, истрајност и напорна работа. Како изгледаше Вашиот пат до оваа позиција?

Би рекла дека ова е повеќе патување. Патување исполнето со вредни лекции и луѓе кои имаа значително влијание врз мене, и како личност и како професионалец.

И моментите на ова патување може да се поврзат со гореспоменатите: упорност, посветеност, напорна работа, но и славење и споделување на успехот.

darina-ivanova-marketing-direktor-vo-huawei-consumer-business-group-predizvik-mi-e-shto-rabotam-vo-najdinamichnata-tehnoloshka-kompanija-04.jpg

Да се ​​биде успешна жена на врвот на компанија како Huawei Consumer Business Group, значи да се биде...

Да бидете вљубени во она што го работите. Да имате јасен фокус и визија, да бидете храбри и одлучни, љубопитни и со ширум отворени очи за нови нешта и сѐ што може да ве инспирира околу вас.

Која е магијата да се работи во маркетинг секторот? Зошто сте заљубени во својата работа?

Бидејќи маркетингот е ретка комбинација на бизнис, наука, уметност и креативност во едно.

Со цел да се создаде привлечна и инспиративна комуникација која ќе достигне и ќе влијае на вашата целна група, треба да тргнете на едно возбудливо патување и трагање и анализирање на податоци, пронаоѓање на вредниот insight на потрошувачите, создавање идеи и реализација на истите преку моќна и живописна комуникациска кампања. Овие нешта ја будат истата возбуда кај мене секој пат кога сме пред нешто ново.

Кога за првпат станавте одговорни и за македонскиот пазар? Каков беше првиот впечаток за работната атмосфера тука?

Пред скоро 4 години. Многу опуштено, дури и пријателски. Динамичен и сепак многу поддржувачки пристап. Од првиот ден воспоставивме одлична соработка со сите партнери што ги запознав.

Како е да се работи паралелно на два пазари? Како се организирате за да постигнете сѐ? Колку често патувате?

Двата пазари се сосема различни и секој има свои побарувања во однос на деловното опкружување, пазарните регулативи, медиумската сцена, потребите на клиентите, итн.

Всушност, уживам во ова бидејќи ми дава разновидни пристапи и различни перспективи. Нашиот македонски тим е многу искусен и тие исто така помагаат многу.

За жал, поради пандемијата, немав можност да патувам во Македонија толку често колку што би сакала… и ми недостасува, но одржувам близок контакт со нашите македонски колеги.

darina-ivanova-marketing-direktor-vo-huawei-consumer-business-group-predizvik-mi-e-shto-rabotam-vo-najdinamichnata-tehnoloshka-kompanija-02_1.jpg

Која е вашата визија за македонскиот пазар во однос на производите? Главната цел што сакате да ја постигнете овде е...

Во однос на производите, македонскиот пазар не е толку различен од кој било друг европски пазар. Специфичното е што Македонците покажуваат одличен став кон изгледот, дизајнот, премиум производите, итн. И драго нѝ е што портфолиото на Huawei сѐ повеќе се развива токму во таа насока.

Во областа на паметните телефони, новата NOVA 9 е фокусирана на дизајнот, со тенки линии, оригинална, специфична боја и текстура, како севкупен изглед и чувство. Но, не станува збор само за телефони. Нашите паметни часовници, врвни аудио производи, компјутери, сите како да се развиени имајќи го на ум македонскиот народ.

Што нуди Huawei што другите компании не го нудат? По што се издвојувате и по што сте познати?

Лесно е – фокусирани сме на локалните клиенти. Грижата за нашите локални корисници, пред и по купувањето, локални тимови, комуникација со сите наши партнери, медиуми, бизнис заедницата, итн. Се надевам дека ова е она по што сме познати, ова е нашиот столб.

Инаку, во поглед на производите - моќни камери, добри батерии, паметни аксесоари. Но, ова доаѓа и од она што им треба на луѓето - ние работиме за да ги задоволиме нивните потреби.

Кога станува збор за новите производи на Huawei, на што сте најмногу горди?

Ова прашање е посоодветно за нашиот тим за истражување и развој. Како корисник, еден од моите омилени производи се паметните очила.

Како маркетинг директор - тоа е фактот дека зборуваме за многу добро интегриран екосистем на производи. Нашите производи го следат принципот дека 1+1 е многу повеќе од 2. И ова е нешто на што сум навистина горда.

Паметни телефони, таблети, паметни часовници, додатоци... Често лансирате нови производи, а во исто време успевате не само да го задржите, туку и да го подобрите квалитетот, како успевате во тоа?

Имаме голем и мотивиран тим распространет низ целиот свет. И, исто така - добро интегриран, за да не се изгубите во толку нови производи и линии на развој. Ги слушаме потребите на нашите клиенти за да одговориме и да ги надминеме нивните очекувања.

За да го реализираме ова, ние постојано инвестираме повеќе од 10% од нашите глобални годишни приходи во истражување и развој.

Кои производи се омилени кај македонските потрошувачи?

Паметни часовници и паметни телефони. И добрата вест е дека наскоро ќе обезбедиме доста привлечен модел на паметен часовник за дамите.

Исто така, верувам дека и NOVA 9 ќе стане ваш фаворит.

darina-ivanova-marketing-direktor-vo-huawei-consumer-business-group-predizvik-mi-e-shto-rabotam-vo-najdinamichnata-tehnoloshka-kompanija-02.jpg

Како напредува AppGallery? Колку е богата? Кои се следните чекори во иновативниот концепт Seamless AI Life?

AppGallery се развива многу брзо. Бројот на апликации лансирани на AppGallery во 2020 година надвор од Кина беше повеќе од 10 пати поголем од оној од 2019 година. Според податоците од средината на 2021 година, AppGallery е достапна во над 170 земји/региони, со над 550 милиони месечни, активни корисници на глобално ниво.

Што се однесува до концептот Seamless AI Life – тој постојано се развива, добива сѐ поголем дофат во неговите можности и е лесен за следење. Накусо - побогато портфолио, повеќе категории на производи и моќна интелигентна интеракција меѓу нив.

Која е супериорноста на оперативниот систем Huawei - Harmony OS?

Harmony OS е важен дел од нашето портфолио, но тоа е само алатка, пат, како што реков, за да се постигне она што луѓето го сакаат кај Huawei. И носи навистина моќна технологија, докажана за иднината на луѓето ширум светот.

Целиот процес, од истражување и развој до услуга по продажба, е посветен на таа цел, и ова е нашата основна сила.

Вие сте еко-свесна компанија, кои иницијативи на компанијата во овој поглед се најуспешни досега?

Ова е широка тема. Не сакам да зборувам за единствен успех, најважното тука е целокупниот правец кон одржливост на компанијата.

Huawei има многу различни кампањи низ целиот свет посветени на оваа тема, што зависи од специфичната локална средина. Добар дел од нив се насочени кон повторна употреба на паметните телефони со цел да се поврзат што е можно повеќе луѓе.

Зошто да се биде дел од Huawei е предизвик и задоволство во исто време? Кои се вашите планови за во иднина?

Предизвик - затоа што работам во најинтересната и најдинамичната технолошка компанија и ова е одговорност и привилегија што треба да ги бранам секој ден. Задоволство - поради нашиот тим.

Моите планови за во иднина: да уживам во мојот живот, мојата работа и да доаѓам почесто во Македонија.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg