Дете програмира за iPhone
Што се можете кога имате 9 години? Еве ќе речеме дека си играте пред куќа, правите нешто од лего коцки, си играте со другарчињата или да програмирате...
...игри за iPhone.
Всушност, такво нешто направил 9 годишниот Лим Вен од Сингапур кој ја осмислил и направил играта за цртање "Doodle Kids" за iPhone.
Ова дете знае да користи шест програмски јазици, а апликацијата која ја направил за само 2 недели, симната е од интернет дури 4.000 пати (повеќе од половината од превземањата доаѓаат од САД).
Оваа апликација им дозволува на играчите да цртаат со своите прсти на екранот од телефонот, а со мрдање на телефонот сликата лесно може да се избрише.
Сингапурското чудо од дете ја направило оваа апликација за само неколку дена, а сега веќе преминал на изработка на научно-фантастична игра која ја нарекол "Invader Wars".
Основите на програмирање ова дете ги стекнало од својот татко кој работи во компанија за креирање на софтвер. Понекогаш таткото и синот работат заедно, а дури и се натпреваруваат кој ќе направи подобра апликација.