21 ден во Европа со едно полнење на Huawei Watch 3 Pro

Двајца авантуристи ќе поминат 4.000 километри со голем број предизвици, за да проверат дали е ова возможно

21-den-vo-evropa-so-edno-polnenje-na-huawei-watch-3-pro-01.png

Европа повторно ги отвори своите граници за посетителите и можностите за истражување на Стариот континент. Во екот на летната сезона, Huawei предизвика двајца авантуристи на 21-дневно патување низ 8 земји. За време на нивното патување, тие ќе учествуваат во многу предизвици, ќе се сретнат со локалните обожаватели на брендот, повторно ќе ги откријат различните лица на Европа и истовремено ќе проверат дали батеријата на Huawei Watch 3 Pro ќе го издржи времетраењето и оптоварувањето на оваа мисија.

21-den-vo-evropa-so-edno-polnenje-na-huawei-watch-3-pro-02.jpg

21 ден, 8 земји и по еден паметен часовник за секој од авантуристите, што воопшто нема да се полни за време на патувањето, на прв поглед изгледа како невозможна задача. Но, со HUAWEI Watch 3 Pro, такво патување не само што е можно, тоа навистина се случува, и секој може да биде дел - во физичкиот или дигиталниот свет.

Од 26 јули до 15 август, Жужа и Андреј Тренеиро, опремени со HUAWEI Watch 3 Pro, ќе поминат 4.000 километри од Атина до прекрасниот остров Паг во Хрватска, минувајќи низ Бугарија, Србија, Романија, Унгарија, Австрија и Словенија. Тие ќе бидат сведоци на погледи кои го одземаат здивот и ќе учествуваат во адреналин искуства кои не беа возможни последната година.

Од пловење по езерото Балатон, преку џет-ски и одење длабоко во темните шуми некаде во Трансилванија - нивните искуства можете да ги следите на социјалните мрежи на Huawei - https://www.facebook.com/HuaweimobileMK и https://www.instagram.com/huaweimobilemk/

Стариот град Атина, колоритните улици на Софија и планините на Трансилванија се само некои од местата во програмата на оваа авантура. А, меѓу предизвиците се и банџи скокање, планински велосипедизам, скијање по спуст од земја до земја и уште многу возбудливи работи што можете да ги направите во Европа за време на летото. Двајцата авантуристи, исто така, ќе го посетат мистериозниот замок во Трансилванските шуми, а секој што го следи Huawei на социјалните мрежи, ќе има шанса да комуницира со нив и да учествува во изборот на поставените предизвици.

Дополнително, со HUAWEI Watch 3 Pro на зглоб, Жужа и Андреј ќе можат да ја следат целата своја авантура благодарение на многуте сензори со кои е опремен. Од анализа на спиењето, до следење на срцевиот ритам за време на екстремни спортови и други различни дисциплини, до броење на дневни чекори. HUAWEI Watch 3 Pro ќе биде нивниот најдобар партнер во текот на целото патување.

Во секоја земја, тие ќе ги тестираат различните функции, како што се следење на срцевиот ритам, ниво на стрес и употреба на eSIM и ќе ја проверат неговата корисност во пракса. Авантуристите исто така ќе добијат FreeBuds 4, што ќе им овозможи неверојатно аудио искуство, како и HUAWEI MatePad 11 за кога ќе им треба поголем екран.

И вие може да бидете дел од оваа авантура. За да го направите ова, само треба да ги следите социјалните мрежи на Huawei - https://www.facebook.com/HuaweimobileMK и https://www.instagram.com/huaweimobilemk/ .

Така, можете да се чувствувате како дел од ова извонредно авантуристичко патување низ Европа за 21 ден - колку што трае батеријата на Huawei Watch 3 Pro во Long-Life Battery Mode.

Би можело да ве интересира:

5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg