Компјутерите во филмовите
Зошто секогаш во филмовите има компјутери кои никогаш на друго место никој не ги видел? Зарем не знаат сите како изгледаат компјутерите и кои...
...се нивните способности? Еве што можеме да научиме за компјутерите од филмовите:
1. Секоја слика и видео можеш да ги зумираш апсолутно колку сакаш.
2. Бришењето на податоците секогаш завршува една секунда пред лошите момци да влезат во просторијата.
3. Графичките интерфејси се секогаш придвижени од безброј типкања по тастатурата кои никогаш не се прикажуваат на екраните.
4. Сите компјутери се поврзани во мрежа. Можеш да влезеш во компјутерот на криминалецот иако тој воопшто не е уклучен.
5. Луѓето кои работат на компјутерите секогаш ги гасат без да ги зачуваат промените.
6. Сите видео разговори преку интернет имаат неверојатен квалитет на слика.
7. Колку е понапредна опремата, толку повеќе копчиња има. Веројатно сите треба да одат на обука за користење бидејќи на ниедно копче не ппишува за што е.
8. IP адресата на ФБИ агентите секогаш им ја дава и физичката адреса.
9. Програмите во кои се пишува текст никогаш немаат курсор.
10. Можеш да заразиш компјутер со вирус со едноставна "Upload virus" акција.
Да не има некој по дома ваков компјутер?