Ве-це шоља за мерак!
Ако некогаш сте се запрашале како е да се врши нужда во ве-це шоља вредна 100-тина просечни македонски плати, сега имате можност да пробате.
Секако, ако имате да одвоите околу 4.500 евра.
Американската фабрика Kohler произведе ултимативна ве-це шоља која додека вршите нужда ви го грее задникот и стапалата. Опремена е со компјутерска плоча, звучници и екран на допир, далечинско за управување со сите опции – од пуштање вода до пуштање музика.
Целиот систем има и автоматски освежувач на воздухот, седиште кое се активира на движење, светло и еколошка опција на пуштање вода.
Ако ве-це шољите продолжат вака да еволуираат ќе можеме на нив и да се социјализираме како што замислил Луис Бунжел во својот филм...