Авантурите на отворено чекаат на вас - часовниците HUAWEI WATCH GT 2 Pro и HUAWEI WATCH FIT се совршените сопатници
Дали понекогаш чувствувате дека ви е потребен мотиватор?
Чувствувате ли дека ви е потребен некој кој ќе ве извлече од удобноста на вашиот кревет или работната фотелја или кафуле и ќе ве активира? Некој што ќе ви биде доволна мотивација да мислите на своето здравје и да работите на својата физичка подготвеност?
Мене да. Заедно со мојот партнер пронајдовме совршена доза на мотивација во новите smart часовници на HUAWEI.
Кога пандемијата нѐ оддели од блиските и нѐ затвори дома, лекот го пронајдовме во активностите во природа натпреварувајќи се еден со друг кој ќе направи повеќе чекори, кој ќе стигне прв до врвот на Водно или ќе извози прв со велосипед до Матка.
Авантурите на отворено следени и документирани од нашите часовници HUAWEI WATCH GT 2 Pro и HUAWEI WATCH FIT периодов ни се лек за душа.
Тој се вљуби на прв поглед во HUAWEI WATCH GT 2 Pro, а јас си го избрав HUAWEI WATCH FIT во нијансата Sakura Pink. Периодов тие ни се и персонални тренери и антистрес алатки и наши лични доктори кои 24 часа дневно прават „систематски“ преглед на нашето здравје и наши омилени модни додатоци.
Нивниот префинет дизајн, покрај во спортски изданија, совршено се вклопува и со поелегантни стајлинзи.
Стаклото од сафир на HUAWEI WATCH GT 2 Pro се спојува непречено со титаниумската рамка за лесен и цврст дизајн. Сјајниот и пријателски за кожата керамички грб обезбедува удобно носење.
Со софистицирана изработка, HUAWEI WATCH GT 2 Pro нуди префинет изглед со совршен баланс на уметноста и технологијата.
Од друга страна со HUAWEI WATCH FIT имате можност за персонализирање на часовникот со цел да одговара на вашиот секојдневен изглед со разни шарени изгледи. Текстурираната мат рамка на часовникот совршено се спојува со разнобојните и меки ремени за врвен и цврст дизајн, па така часовникот дава софистициран и трендовски изглед .
Среде паникава со корона некако омилена ни стана и опцијата за мерење на сатурација на кислород во крвта. Стравот од вирусот и можноста за завршување на респиратор ни се намалува кога со помош на нашите часовници си докажуваме дека немаме ниско ниво на сатурација на кислород во крвта (SpO2) кое може да резултира со здравствени проблеми.
Со едноставен допир и за само неколку секунди, нашите часовници ни покажуваат точни податоци и ни даваат препорака дали треба да обрнеме дополнително внимание на нашето здравје.
Со нашите часовници безбедно ги откриваме тајните на природата и водиме евиденција дали физичката активност во секојдневието ни е задоволителна. Се разбира, викендите ни се омилени.
Уживаме во тајните на природата наоружувајќи се со информации од нашите часовници како кога е времето на изгрејсонце, зајдисонце, изгревање и заоѓање на месечината, за температурата, притисокот на воздухот, кој може да биде предвесник на невреме и бури, а ја подготвуваме и нашата плеј листа, на нив можеме да зачуваме и до 500 песни и да уживаме во музиката дури и кога не носиме телефон со нас.
HUAWEI WATCH GT 2 Pro обезбедува сеопфатни податоци како што се срцев ритам, просечна брзина, како и говорни предупредувања доколку некои податоци ја надминуваат нормалната стапка. Добра придружба за одржување на одлична рамнотежа при пешачење, трчање, сноуборд, голф, правење фитнес вежби и низа други начини на спортување.
Поддржува прецизно следење податоци, а секогаш дава и предлози за подобра обука. Овие професионални податоци ни помагаат да тренираме подобро.
Часовникот мери и VO2max, што е максималната стапка на потрошувачка на кислород измерена за време на поединечно вежбање. Потрошувачката на VO2max ја рефлектира кардиореспираторната кондиција и капацитетот на издржливост во перформансите на вежбите.
Функцијата Route Back ја бележи вашата патна рута и користи GPS за попрецизно означување на позицијата. Кога GPS сигналот е премногу слаб, тој испраќа сигнали. Под оваа околност, сè уште можете да ја користите снимената рута за патување за проверка во реално време и да го пронајдете патот назад.
HUAWEI WATCH GT 2 Pro внимава дури и на квалитетот на сонот. Може научно да следи и дијагностицира 6 вообичаени типови проблеми со спиењето, давајќи исто така предлози за подобар одмор. Додека спиете, часовникот го следи ритамот на срцето, го анализира дишењето и дава резултат на вашиот вкупен квалитет на спиење.
Тешките оптоварувања и брзиот живот често нѐ ставаат под притисок. Врз основа на технологијата HUAWEI TruRelax™, HUAWEI WATCH GT 2 Pro нуди целодневен мониторинг на стресот и се грижи за вашето здравје деноноќно, прецизно го следи срцевиот ритам и обезбедува интелигентни потсетници доколку срцевиот ритам е над нормалното ниво.
Траењето на батеријата до 2 недели обезбедува континуирана моќност за ефикасно траење. Со 5 минути безжично брзо полнење, можете да го користите 10 часа. Исто така, поддржува обратно полнење од вашиот телефон кога има недостаток на полначи.
Исто така, можете да примате, одбивате или исклучувате повици и да ја проверувате историјата директно на вашиот часовник преку Bluetooth-врска со телефонот.
Со HUAWEI Share OneHop само допрете го вашиот часовник на телефоните HUAWEI, а потоа лесно можете да започнете со брз пренос на фотографии. Можете едноставно да го допрете вашиот часовник со телефонот HUAWEI за непосредна врска, а потоа да ги прилагодите личните теми на часовникот со какви било фотографии од вашите телефони.
Ставајќи го телефонот далеку, сепак можете брзо и стабилно да фотографирате со едноставен допир на вашиот часовник, а без добри фотки за на Инстаграм ниту една авантура на отворено не е комплетна.
И неверојатно тенкиот и лесен HUAWEI WATCH FIT со задоволство ќе го прогласите за ваш персонален тренер.
Започнете со тренинг во секое време со него и ослободете се од пребарување видеа за демонстрација. Овој часовник обезбедува 12 видови на анимирани брзи тренинзи, како вежбање дома, истегнување на целото тело, вежби за стомачни мускули и вклучува 44 стандардни демонстрации за движење. Искористете го слободното време како паузи за кафе или викендот за да бидете во форма со овој паметен часовник.
HUAWEI WATCH FIT обезбедува прецизни и навремени мерила за вежбање за разни режими на професионален спорт вклучувајќи трчање, пливање и возење велосипед. 85-те режими на сопствено вежбање ви овозможуваат да го ослободите вашиот потенцијал, без разлика дали сакате јога или тренинг со висок интензитет, часовникот исто така ги следи отчукувањата на срцето во реално време, калориите и времетраењето на тренингот.
Без разлика дали трчате или пливате, HUAWEI WATCH FIT може да ги следи потребните точни метрики за вежбање. Откако ќе завршите, можете да видите подетални информации, професионална анализа и научни факти во HUAWEI Health App.
HUAWEI WATCH FIT го следи вашиот напредок во текот на цел ден и ве потсетува да станувате од време на време за да спречите претерано седење.
Обезбедувајќи навремени потсетници за СМС пораки, дојдовни повици, настани во календарот и други апликации на социјалните медиуми, HUAWEI WATCH FIT ви овозможува повеќе да не пропуштате важни работи.
Овие smart часовници инстантно ќе станат ваша омилена алатка за поквалитетен живот. Ќе ве размрдаат и нема да сакате да се одделите од нив во ниту еден период од денот.
Време е за подинамичен живот, поисполнети денови и посреќни мигови.
С. С. | Црнобело