Каде ми е далечинското?
Колку пати сте го губеле далечинскиот управувач низ дома? Сакате да смените програма, а како за беља го нема ни под дрво ни под камен, за на крај да...
...сфатите дека сте го заборавиле на машината за перење додека сте биле во тоалетот?
Е, да ама претходно го превртевте цел стан за да го најдете и пуштивте и по некоја пцовка попатно.
Ако е така, сигурно ќе ви се допадне оваа иновација на Моторола. Тие изработиле далечински управувач кој функционира на принципот на безжичните телефони.
Се полни и штеди батерии, а на базата има копче “Find Remote” кое ќе ви помогне да го најдете далечинското. Кога ќе го стиснете започнува да свети и да свири па лесно ќе може да го лоцирате.