Најчесто користени лозинки
Речиси 80% од корисниците на интернет имаат ризична лозинка, покажало истражувањето на компанијата „Check Point Software Technologies“ која развива...
...сигурносни интернет решенија за „ZoneAlarm“.
Со желба што полесно да ги запомниме сите лозинки, најчесто користиме лични информации и едноставни зборови кои се лесен плен за хакерите.
Топ листа од 20 најкористени лозинки на сите времиња, а кои секако треба да ги избегнувате (направени на англиско говорно подрачје):
1. 123456 2. 12345 3. 123456789 4. Password 5. iloveyou 6. princess 7. rockyou 8. 1234567 9. 12345678 10. abc123 |
11. Nicole 12. Daniel 13. babygirl 14. monkey 15. Jessica 16. Lovely 17. michael 18. Ashley 19. 654321 20. qwerty |
Интересно е што дури 4% од сите лозинки се варијација на зборот "password", а 16% ос корисниците во шифрата користат име.
Најголем број лозинки имаат 6 знаци. Според препораките на НАСА, цврста лозинка би требало да има најмалку 8 знаци, т.е. да се состои од комбинација на мали и големи букви, бројки и специјални знаци - !#&%$*".
Пет чекори до сигурна лозинка:
1. Почнете со едноставна реченица од 10 зборови. Пример: Долгите и сложени лозинки се најсигурни и треба да ги чуваме во тајност.
2. Првите букви од сите зборови претворете ги во акроним (со обратен редослед). Во нашиот пример – твчгдтинслсид
3. Усложнете ја лозинката со големи и мали букви (твчгДтиНслсИд)
4. Додадете бројки (твчгДтиНслсИд15)
5. Додадете симболи (#твчгДтиНслсИд15!)
Избегнувајте: Зборови од речник од било кој јазик, редоследни бројки и букви на тастатурата како и сите лични податоци.