Се спрема iPhone 5
Apple не навикна на изненадувања со ергономијата и функционалноста кај своите гаџети. И додека iPhone 4 бележи извонредни резултати, во полна...
...подготовка е и верзијата iPhone 5.
Извори од Кина каде се произведува голем дел од новото производство на iPhone тврдат дека новата верзија ќе може да се очекува на пазарот во вториот квартал на 2011 година.
Гласините велат дека Apple кај iPhone 5 би требало да се одлучи за нов процесор. Имено, конкуренцијата работи на dual core процесори или подобар CPU, што веројатно ќе доведе и до интеграција на нов процесор и кај iPhone 5.
Според досега познатите информации iPhone 5 ќе користи процесор на ARM - A8, многу веројатно dual core верзија.
И додека конкурентите базирани на Android за годинава планираат уште неколку модели на смарт телефони и таблети, Apple годинава ќе се појави само со iPhone 5 и iPad 2.
Планот на Apple е со овие два производи да ги импресионира потенцијалните купувачи и повторно да ја надигра конкуренцијата.
Дизајнот и останатите детали, по обичај се строго чувана тајна. Останува да чекаме до јуни или јули кога би бил претставен новиот iPhone 5.