Huawei со ексклузивни понуди за новата учебна година

Од 2 септември, Huawei започнува со привлечна кампања за новата учебна година која опфаќа широк спектар на производи од компанијата - паметни телефони, паметни часовници и спортски слушалки за музика.

huawei-so-ekskluzivni-ponudi-za-novata-uchebna-godina-01.jpg

Нивните комбинации го привлекуваат вниманието на студентите кои бараат големи екрани, музика во движење, спортски додатоци и дизајни кои им помагаат да го изразат својот стил и расположение. Истовремено, понудите се така дизајнирани што нудат одлична додадена вредност и вредност во однос на цената, што е многу важно за родителите во овој финансиски оптоварен период.

Во продажните салони на партнерите на Huawei во земјава, Нептун и СЕТЕК, и во оние на мобилниот оператор ВИП, кампањата ќе стартува на 2 септември, а кон неа од 10 септември ќе се приклучи и Телеком.

huawei-so-ekskluzivni-ponudi-za-novata-uchebna-godina-0102.jpg

Почнувајќи од паметните телефони, понудите ги покриваат двата најпродавани паметни телефони на компанијата од средната класа - P30 lite и P smart Z, кои доаѓаат со подарок Bluetooth спортски слушалки во неодолива црна боја и дијамантски финиширана текстура. Екстремно лесните слушалките (тежат само 5 грама) обезбедуваат висококвалитетен Hi-Fi звук, чиј богат бас се пренесува директно во увото. Батеријата трае 10 дена, а времето за полнење од 11 часа е повеќе од доволно за младите да уживаат во нивната музика кога сакаат. Од своја страна, P30 lite е исклучително моќен, водечки во класата паметен телефон, кој се справува без проблеми дури и со најтешките мобилни игри, со дисплеј од 6,15” и камера од 48 мегапиксели за фотографии што може лесно да се печатат како постери со големина од 2 метри. Со P smart Z, без никакви слотови на дисплејот и pop-up селфи камера, ќе го привлечете вниманието на сите на училиште. За оние кои бараат сопствени бои, P smart Z е достапен и во привлечна маслинесто - зелена боја, која одлично се истакнува со црвените слушалки.

Боите и изразувањето на свој стил е во срцето на предлогот за активни спортисти. Huawei Watch GT, кој е добро прифатен од пазарот во сите свои 4 дизајни, од 10 Септември ќе се продава во Телеком со подарок - втор ремен, за да може да имате 2 дизајни со една набавка. Покрај голем број на карактеристики, вклучувајќи триатлон и следење на спиењето, Watch GT може да се пофали со разумна цена и екстремно долг век на траење на батеријата до неколку недели.

Повеќе детали за промоциите, можете да најдете на официјалната веб-страница: huawei.com/campaign/summer.

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg